Bookbox

Во центарот на Љубљана неодамна е отворен необичен музеј посветен на хуморот на поранешна Југославија. Наместо големи историски експонати, посетителите ги пречекуваат манекени со необични реквизити, карикатури и шеги за секојдневниот живот, јазикот, љубовта, политиката и балканскиот менталитет. Зад привидно едноставната идеја стои обид да се покаже дека хуморот со децении бил еден од ретките заеднички јазици на луѓето од просторот на поранешната држава.

Понекогаш нешто што сме го виделе или направиле безброј пати одеднаш може да ни изгледа необично и сосема непознато. Еден едноставен експеримент тоа добро го покажува: земете лист хартија и напишете го своето име триесетина пати едно по друго. По извесно време, буквите може да почнат да изгледаат чудно, а самото име накратко да го изгуби своето значење. Овој необичен психолошки феномен е познат како „жаме ву“ и претставува своевидна спротивност на многу попознатото „дежа ву“.

Индустријалец, политичар, визионер: кој бил Емерик Блум?

Постојат личности чие значење не може да се смести во една професија или во една област. Таков бил Емерик Блум, инженер, индустријалец, визионер и општествено ангажиран интелектуалец, човек кој верувал дека еден град се гради не само со фабрики, патишта и електрични мрежи, туку и со култура, знаење и јавен живот. Денес најчесто се памети како човекот кој од мал инженерски колектив создал огромен стопански систем, но неговата приказна започнува многу порано, во кругот на млади сараевски уметници и интелектуалци кои во пресрет на Втората светска војна го основале Колегиум Артистикум.

Нова видео игра - „Докажи дека си човек“

Студиото Сансет визитор, познато по тоа што во своите видеоигри обработува општествени и современи проблеми, со новата игра „Докажи дека си човек“ (Prove You’re Human) повторно навлегува во теми поврзани со технологијата, работата и вештачката интелигенција. По наградуваната 1000XResist, која беше инспирирана и од искуствата на тимот за време на пандемијата, овојпат студиото создава психолошки хорор во кој играчот треба да се соочи со вештачка интелигенција која е убедена дека е жива.

Јанис Варуфакис: Наследниците на Агамемнон се во Силициумската Долина

Во текст објавен на сајтот АнХрд, Варуфакис објаснува зошто не сака да го оценува самиот филм, туку преку некои од темите кај Хомер и Нолан ги разгледува современите прашања за вештачката интелигенција, капитализмот, технологијата, слободата и моќта. Пренесуваме дел од него.

Ил’ е бозон, ил’ е зезон

Критикувајќи (или повеќе - исмевајќи) поетска творба на извесен Игор Шипиќ под наслов LHC ('Large Hardon Colider'), напишана во високопарен стил, уште познат и како „серење мермер“, критичарот на Booksa.hr реплицира, но овој пат во форма на народен еп.

„ДВЕ КУЛТУРИ“ од Ч.П.Сноу (и нејзиното интелектуално влијание)

Ајде да видиме – колкава е веројатноста некој микробиолог, астроном или геолог да го има прочитано, па уште и наизуст да го рецитира Волт Витман? Од друга страна, колкумина пијанисти или поети би можеле од збор до збор да го наведат Вториот закон на термодинамиката?

КОМПЛЕТНИТЕ КАЛВИН И ХОБС од Бил Вотерсон

Крајот на годината на политички потреси, економски колапси и умирачки (што на диктатори, што на битни уметници) сакавме да го одбележиме со нешто поведро, но никако преромантично или неангажирано.

TOM WAITS MEETS GOCE ARNAUDOV

Овој расказ се случува во воз, помеѓу двајца туѓинци, кои на преминот помеѓу 6. и 7. декември патуваат низ неодреденото, „ни-ваму-ни-таму" космичко пространство. Едниот во одреден момент мора да се симне. Другите остануваат да ја раскажат приказната.

„СÈ ИСПУСТЕНО, СÈ ЗАПАЛЕНО“ од Велс Тауер

За еден меланхоличен ум, наслов како овој на првата книга на Велс Тауер може да звучи како апокалиптична закана, но и како перверзна утеха – ако навистина сè е веќе уништено, прегазено и разрушено, во архитектонска, агрономска, етичка и естетска смисла, тоа остава расчистен простор, за врз стрништето на стариот да се изгради нов, храбар и доблесен свет.

„ПРОДАВНИЦИТЕ СО БОЈА НА ЦИМЕТ/ САНАТОРИУМОТ ВО ЗНАКОТ НА КЛЕПСИДРАТА“ од Бруно Шулц

Каша е една од најинтересните личности кои ги познавам. Родена во Полска, половина живот го има поминато во патувања, пакувања и селења – од Африка, преку Швајцарија, до Индија.

„ПРОБЛЕМОТ НА ИРОНИЈАТА“ од Џонатан Лир

Оние кои популарно пишуваат за иронијата, а сепак сакаат да ја доловат нејзината сложеност и филозофска повеќеслојност, обично ја цитираат сцената од Reality Bites, познатата романтична комедија од деведесетите, кога Винона Рајдер во интервју за работа треба да одговори на прашањето „Што е тоа иронија?".

„ВАЛДЕН“ од Хенри Дејвид Торо

Дали Торо би купил Приус? Што би им порачал на оние кои протестираат на Вол Стрит? Како би ја разрешил грчката криза? Што би мислел за слободниот софтвер, органски модифицираната храна и топилницата во Велес? Во средината на 19. век, во времето кога живеел Хенри Дејвид Торо, самоизолацијата била поедноставен потфат.

ПОЕЗИЈА од Милан Младеновиќ

„Милан беше остар, до суровост. А пак во суштина беше нежен, со онаа своја насмевка. Тој единствен од сите рокери беше добар ученик. Ја сакаше моќноста, беше профи. Смртта на Милан мене лично ми го прекина животот. А луѓето сè забораваат, сè бргу се заборава. Важно е едно – ние полека заминуваме, а сме една епоха. Не можам да голтам екстази, јас сум полош фанатик, панк-рокер, а Милан, тој мораше сè сам да прави, да влече и да тегне. Мислам дека на крајот сè му се смачи и згади. На крајот сè се претвори во ништо..умре некаде на тринаесетиот спрат во некое новобелградско армирано чудовиште. Имам впечаток дека само се свртел да се одмори, и знам, истиот миг некаде повторно се родил"
Зоран Костиќ Цане (Партибрејкерси)

„ПРАШКИ ГРОБИШТА“ од Умберто Еко

„Оваа книга со задоволство ќе ја прочита дури и оној кој воопшто не помислува дека сето опишано навистина се случило, кој не се разбира во литературата на предминатиот век, и кој многу сериозно се однесува кон сето она што го напишал таму некој си Ден Браун"

„ЧИСТА АНАРХИЈА“ од Вуди Ален

Ироничната четвртина на мојот светоглед (за потребите на овој текст дијаграмски претставен во форма на бурек или славска погача), генетски втемелена врз здрава подлога - аманет од некогашните жители на едно македонско село од југо-западот, конечно беше формирана во прва средно.

xkcd oд Рендал Манро

Ако една слика вреди илјада зборови, тогаш една лента стрип вреди повеќе од „Поларизациски и корелациски феномени при атомски колизии" од Балашов и Кабачник . Има само еден „веб-комик" кој одговара на овој опис, чиј високо софистициран дизајн – луѓе-стапчиња кои најчесто седат пред компјутер - никако не можете да го утнете.

„ВКУС НА ЧАЈ“ од Брајан Гловер

Велат дека вистинските љубители на чај него го пијат без оглед на годишното време. Иако се вбројувам во нив, за мене сезоната на чајот сепак почнува кога го прередувам шифоњерот за на дофат да ми бидат џемперите, кога на околните куќи почнуваат да им чадат оџаците, кога фротирката ја заменувам со дебело ќебе, и кога потребата за малку човечка топлина од излитена метафора станува акутна потреба.Со еден збор, мојата сезона за пиење чај почнува токму – сега.

РОБЕРТ ПЕРИШИЌ: „БУКОВСКИ ВО МАКЕДОНИЈА БИ ОСТАНАЛ ПОШТАР“

Непосреден повод за ова интервју со познатиот хрватски писател и новинар е неговата неодамнешна иницијатива за подобрување на статусот на писателската фела во неговата земја, особено кога станува збор за државните субвенции, кои за пистелите во Хрватска едноставно ги нема.

„ДНЕВНИКОТ НА ЕВА“ oд Марк Твен

Неодамнешната вест, дека после повеќе од сто години една провинциска библиотека од Чарлтон, Масачусетс, конечно ја укинала забраната за издавање на книга на Марк Твен, го сврте вниманието кон ова негово подзаборавено дело, напишано четири години пред смртта.

„Зен и уметноста на поправање мотори“ од Роберт Пирсиг

„А што е добро Федар,
и што не е добро -
треба ли тоа некого да го прашаме
за да ни каже?"

Платон, Федар или За убавината

БОУВИ ВО СЛИКОВНИЦА

Инспирирана од Кјубриковата „Одисеја во вселената", Space Oddity стана позната откако BBC ја искористи како музичка илустрација на директниот пренос од слетувањето на Аполо 11 на месечината, и тоа само неколку дена по нејзиното издавање. И покрај иконичноста на ликот на мејџр Том во популарната култура на 20. век, она што сигурно не го очекувавме е дека овој астронаут, осуден да го мине животот лебдејќи во лимена конзерва некаде во вселената, ќе стане лик од детска сликовница.

Среќна независност, или совети за тоа како прво се станува човек, па цел народ

Наместо честитка, познатата песна на Ридјард Киплинг, но овој пат прочитана во понаков клуч. Националните вредности се збир од секоја од нашите поединечни доблести. Ако успееме да ги послушаме советите на поетот, и нив да им ги пренесеме на новите генерации, тогаш наша ќе биде Земјата и сè на светот, а најважно од сè - ние ќе бидеме Луѓе, народе мој..

ФИЛИП ЛЕВИН - поетски лауреат на САД за 2011/2012 година -

Додека го пишувам ова завршуваат јубилејните, 50. Струшки вечери на поезијата. Не знам дали некој се обидел да процени, преку некаква анкета, истражување или едноставен разговор, дали и колку оваа манифестација повлијаела на животите на Стружани, растени со идејата дека нивниот град е поетска мека, а Струшките вечери автентичен македонски бренд.

ПАТРИОТСКА ЛИТЕРАТУРА СО ЧОВЕЧКИ ЛИК или дали ќе беше подобро војниците на Саумил да имале и трето око

„Дисидентството е највисока форма на патриотизам" е изрека која традиционално му се припишува на Томас Џеферсон, иако е најверојатно на современиот американски историчар Хауард Зин.

- ПОДЈАРМЕНИ ВО ПРЕВОДОТ - или зошто во издаваштвото е добро да си сопствен шеф

На издавачите во Македонија не им е лесно. Реалниот пазар на книги е помал од Зелено пазарче, ама густо населен со тезги. Тиражите се мали, печатењето скапо, изворите на дотации во земјата минимални.

„ТРИ НАПРЕД, ТРИ НАЗАД“ од Јовица Ивановски

„Земете го зборот пеперутка. За да го употребите не е нужно вашиот глас одеднаш да тежи помалку од грам, или да му закачите мали правливи крилца. Не е потребно да измислите сончев ден, или поле со нарциси. Не е неопходно да бидете вљубени, или да сте вљубени во пеперутки. Зборот пеперутка не е вистинска пеперутка. Постои збор, и постои пеперутка. Ако ги помешате овие две работи луѓето ќе имаат право да ви се смеат. Не му придавајте толку значење на зборот. Тој е само податок. Тој не е можност да лебдите, да се извишите, да се спријателите со цветовите, да симболизирате убавина и кршливост, или да имитирате пеперутка. Не ги глумете зборовите. Никогаш немојте да ги глумите."

Леонард Коен, Како да се говори поезија