Букбокс акција

Книгите изедени, наградите доделени

Вчера пак се собравме во „Пепер" и јадевме книги. Супер си поминавме.

И оваа година имаше куп креативни и вкусни залаци - рипчиња за „Рибарот Климе“, печена кокошка за „Да се убие подбивната птица“, крукчиња пржен кромид за „Господарот на прстените“, индијанки за „Винету“, конзерви туна за “Малата сирена“. Беше тешко да се одбере победникот, но жирито сепак одлучи првата награда - сукалото уметнички осликано од Мирослав Масин да биде доделено на Давид Јанковски за делото „Бегалка“, мешана салата со башка домат, кој „избегал“ од судбината да биде исецкан. Втората награда ја доби Мартин Трајковски, со делото „Странецот“ - цел ананас поставен среде шопска салата. Истовремено, во кутијата за донации се собраа 2,000 денари за Црвениот крст на град Скопје.

Благодариме на сите кои учествуваа или го одбележаа овој настан. Здрави-живи следната година со свежи идеи и вкусна храна на истото место, и во слично време.

Тука ви ги претставуваме наградените дела, а повеќе фотки во галеријата.

Првонаграденото дело

 

Второнаграденото дело

 

Давид со сукалото

 

20 април 2012 - 12:20