Во светот се кудени, но посакувани заради видливост и продажба. Кај нас, пред сè заради еднократната исплата и признанието од колегите - членови на жирито, ако тоа се погоди чесно. За првото има истражување. За второто само инсајдерски впечатоци.
Дали сценаријата треба да се оценуваат врз основа на нивната веќе екранизирана верзија, или треба да се читаат независно од конкретната продуција? Како што стихови од пеена песна може да звучат многу поинаку кога се рецитираат, така и сценаријата често откриваат аспекти кои филмовите ги пресокнуваат или ги „поклопуваат“ со визуелното.
Бројните признанија од областа на книжевноста во светот веќе стануваат индустрија сами по себе. Но за нивниот квантитет има добра причина. И ние се приклучуваме, воведувајќи една лута.
Дали има разлика меѓу „доброто“ во добар актер и добра актерка? Ако не, тогаш чуму сите тие родови поделби на наградите, како талентот и вештината за глумење да зависи од анатомијата и хормоните? Некои од големите наградни манифестации почнуваат да ја преиспитуваат оваа концепција.
Џери Сајнфелд многу подетално ќе ви објасни зошто, додека прима една награда. На тема скромност околу награди, комичарот Џек Бени на времето изјави: "Може не ја заслужувам наградава, ама имам и реума што исто така не ја заслужувам."
На врвните тениски имиња не им е толку зорт за пари ако не им тргне на турнирите. Освен Серена Вилијамс, сите останати на оваа листа џебовите минатата година си го наполните повеќе од реклами. Федерер лани освои само еден турнир, но од маркетингот ќарил 20 пати повеќе.