животот како перформанс

Јас сум Никола Груевски. И јас сум Никола Груевски...

Тројца словенечки уметници пред пет години ги промениле своите лични имиња во Јанез Јанша, и станале имењаци со најдолговечниот политичар на модерна Словенија, некогашен и актуелен премиер, и водач на конзервативната СДС.

Во филмот "Моето име е Јанез" тие ги опишуваат нивните доживеалици под новиот идентитет, кој понекогаш носи и неочекувани привилегии. Најсмешна сцена е онаа во која матичарот кој венчал еден од нив „малку се збунил" кога неколку минути пред регистрацијата видел дека имињата на младоженецот и двајцата сведоци се исти, и тоа нему познати. Но исто толку интересни се и новинските написи за настапите на овие уметници низ светот, кои создаваат фина забуна, како „Јанша танцуваше во Берлин".

Кој знае како би поминал ваков „перформанс" кај нас. Ако Словенците покажале смисол за хумор, ваљда би покажале и ние...

16 април 2012 - 10:57