Bookbox

Фановите на „Хари Потер“ успеале да натераат инвеститорите на голем енергетски проект да ја променат трасата на подводен кабел, за тој да не минува низ местото на кое во филмот е погребан домашниот елф Доби. Значи измислен лик, ист таков гроб, а кабелот многу реален. За иронијата да биде поголема, тој сега поминува блиску до исто така прилично реален археолошки наод.

Еден човек седи пред шаховска табла. Наспроти него не е противник во оклоп, ниту некој старец или крал, туку скелетот на Смртта. Над нив некогаш стоела порака на шведски: „Ти задавам шах-мат“. Сцената е едноставна, речиси иронична, но нејзината порака е безмилосна: без оглед на тоа кој си и колку добро ја играш играта на животот, на крајот противникот секогаш го има последниот потег, без можност за реванш.

Букбокс гледанка: „Денот на разоткривањето“ или Спилберг, ти си?

Во поголемиот дел од 39-тиот игран филм на Спилберг единствени што разбираат што навистина се случува се два лика со натприродни способности, за кои и самите не знаат од каде им се. Ние до крајот останавме во онаа другата група, ем без посебни когнитивни вештини, ем посиромашни за два и пол часа. 

Бафалото од Судан: Димитар Башевски за тоа како било да си новинар пред 50 години

Не толку одамна, да си новинар-репортер од далечни дестинации наликувало на акционен филм, во кој главниот лик требало да се соочи со нешто повеќе од прес конференции, мејлови и соопштенија. Таква е и оваа приказна, за едно известување од Судан, кое е на граница на книжевност - полно сетилни впечатоци и ликови кои не се среќаваат во стерилните вести. Такво е, на граница на фикција, и затоа што до оригиналните материјали сега веќе е речиси невозможно да се дојде. Останува барем фрагменти да се спасат од заборавот.

Додадена уште една нота во најбавната композиција на светот

Во време кога сè се случува сè побрзо, во еден средновековен храм во Германија веќе четврт век се изведува најбавниот музички концерт во светот. Делото на авангардниот композитор Џон Кејџ е замислено да трае неверојатни 639 години, а секоја промена на акорд претставува вистински историски настан што привлекува посетители од целиот свет.

Иднината им припаѓа на емотивните

Работните места следните децении ќе бидат оние кои бараат емоционален, а не ментален труд. Во моментов тие се потценети и недоволно платени, но наскоро работите ќе се сменат.

Пред интернет

Имаше многу работи пред интернет кои ги правевме, а сега ретко или воопшто не. Ама не е доцна. Уште има небо над нас во кое може да се загледаме, и книги на полиците кои чекаат да бидат прочитани. 

Старецот и белиот коњ

„Секое зло за добро“, вика нашиот народ. Но исто така и - „Многу арно не е на арно“. Некаде по истата патека се движи и клатното на среќата и несреќата во оваа древна кинеска приказна. 

Неврохирургот кој стана преведувач од кинески и латински

За Иан Хју Џонстон тешко ќе дознаете ако не сте баш упорни. На интернет има само една фотографија од него, а до целосни биографски податоци се доаѓа индиректно, преку текстови кои ги земат предвид сите нешта со кои се занимавал. А богами, се занимавал.

Гробиштата од „Добриот, лошиот и грдиот“ се вратија од мртвите

Нов документарец оддава признание на обожавателите на славниот шпагети вестерн, кои со макотрпна работа ја реставрирале локацијата каде се одвива неговата антологиска сцена.

Вал Килмер го промовираше „Граѓанинот Твен“

Понекогаш актерите си имаат некаква страст која сакаат по секоја цена да си ја остварат, без да трчаат по продуценти, да собираат екипа и да зависат од нечие туѓо сценарио. Вал Килмер си финансираше, режираше, ја напиша, и играше во претстава посветена на славниот американски писател со бушава коса и остар јазик, чија премиера се случи 2013. Сега го промовира и филмот направен од претставата.

Оливера, Калина, Јана: три книги од македонски авторки

Пред некое време во рубрикава промовиравме четири книги, од четворица машки автори. Како што беше ветено, сега се на ред жените.

Достоевски „раскажан“ низ архитектура

Како би изгледал расказот на Достоевски, „Бели ноќи“, доколку тој би бил архитектонски проект? Би бил висококатница од чиј врв, барем за миг, би можеле да го сведочиме последниот сончев зрак пред осаменоста на самракот. 

Даниел Деј Луис го напушта актерството

Вакви негови изјави додуша имаше и претходно, и се однесуваа на подолги, неколкугодишни паузи помеѓу проекти. Ама сега изгледа е за стално.

Парламентарците на Макрон како да се ликови од книги

Во неделата партијата на францускиот претседател постигна голема победа на парламентарните избори. Еден од неговите адути - кандидати кои собрани на куп, делуваат како ликови од некој необичен француски роман.

По 46 години Јоко Оно стана ко-автор на „Замисли“

Aмериканската асоцијација на музички издавачи, на свеченоста оддржана во Њујорк по повод 100 години од нејзиното постоење, ја прогласи Оно за ко-автор на хитот на Ленон од 1971, Imagine.

Начинот на којшто црташ круг кажува нешто за културата од која потекнуваш

За почеток, на лист хартија или во мислите нацртајте круг. Почнавте од врвот или од долу? Се движевте во правец на часовникот или спротивно од него? Веројатно никој од нас не размислува додека ги прави овие движења. Но собраните податоци од кругоцртачи низ светот покажува дека токму оваа активност содржи важни информации.

Дигитално реставрирани 100 години старите четки на Мунк

Адоби го најави „Тајни богатства на креативноста“, прв проект од ваков вид кој за почеток дигитално ќе ги рекреира над еден век старите четки на Едвард Мунк, со надеж дека ќе инспирира нови генерации мајстори-сликари.

Дали нобеловиот говор на Дилан е всушност плагијат?

Од 78 реченици во говорот кој беше снимен само аудио, без да биде дозволено објавување официјална транскрипција, десетина се речиси целосно препишани. Ама не од друг Нобеловец туку од сајт на кој има кратки содржини на лектири за учениците да не мора да читаат. Нам ни изгледа дека Боб (пак) малку ги заеба Швеѓаните.

Мишки и дињи: мирисно читање на Џејмс Џојс

На денот кога традиционално се чествува Џојс низ светот, за неговиот однос кон сетилото за мирис, кое е само „канал“ за филозофско разгледување на теми поврзани со општеството, сексуалноста и смртта. Внимание за почувствителните: текстот труе на пот, усмрдена риба, ама и на слатки дињи. 

Израелскиот автор Дaвид Гросман добитник на Меѓународната Букерова награда за 2017

Романот „Коњ влегува во бар“ е втор по ред кој ја добива Меѓународната Букерова награда по промената на пропозициите вo 2016, кои подразбираат братско-сестринска делба помеѓу авторот и преведувачот на неговото дело на англиски.

Уметници садат овошни дрвја за поубави (и поздрави) градови

„Паднати овошки“ (Fallen Fruit) е уметнички колектив чии членови садат овошки во јавни простори за секој да може да си набере од нив. Освен што се овошни „оази“ среде урбаните средини, тие се и убави уметнички инсталации.

Најголемиот трол на Трамп на Твитер: речник на англиски јазик

Можете да замислите ситуација во која наши лингвисти, преку профил на Речникот на македонскиот јазик, на социјални мрежи ги корегираат политичарите низ поучни но и комични постови? Ни ние. Ама некои други лингвисти го искористија моментот за да поделат по некоја лекција.

Нов проект на Инариту: виртуелна реалност која симулира како е да се биде бегалец

Aлехандро Гонзалес Инариту, прв Мексиканец кој беше номиниран за Оскар (за „Вавилон“ во 2007), подоцна доби два, за „Човекот-птица“ и за „Повратникот“. Сега има нов проект, кој не е (само) филмски.

Најконзервативната христијанска заедница во САД издаде родово-неутрално Свето писмо

Јужните баптисти, најголемата протестантска деноминација во САД и истовремено едни од најконзервативната христијанска заедница во оваа земја, со децении проповедаа буквални пристапи кон Библијата. Но нивниот неодамнешен превод покажува дека и кај нив ставовите почнуваат да се менуваат.

Мачорот што стана автор на стручен текст од физика

Не знаеме што е поневеројатно за повеќето од нас, дали одеднаш да станеме мачка, или да објавиме текст во престижно списание од областа на физиката. До сега овие две работи комбинирано му успеало само на едно суштество на четири нозе, со девет животи.

„Тампопо“ (Глуварче, 1985)

Што се случува кога ќе се спојат јапонска комедија, филозофија и еротика со храна? Откачен филм после кој сигурно ќе почнете да пребарувате рецепти за „рамен“.

150 години од раѓањето на Френк Лојд Рајт

Роден на 8 јуни 1867, Рајт е еден од највлијателните архитекти на 20 век, радикален дизајнер отворен за нови технологии, но и оригинален теоретичар кој ги спојува природата, урбаното планирање и социјалната политика. Одбележувајќи век и пол од неговото раѓање њујоршкиот МоМА ја отвори изложбата Лојд Рајт на 150: распакување на архивата.

Познати кражби на книги

Од сите работи кои можат да се украдат, криумчарат, продадат, книгите некако не се првите на кои човек би помислил. А сепак вакви случаи не само што имало туку има и денес, а во игра најчесто се и големи пари, и интерес за она што се води како „исчезнато“ од страна на академските кругови.