„Џејмс Дајсон“ е британско признание кое се доделува на тазе завршени и актуелни студенти по дизајн. Оваа година тоа оди во раце на Рајан Марио Јасин, студент на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон, за колекција облека за деца која расте како што расте детето.
Принципот на функционирање на Пти Пли (Petit Pli) облеката е инспириран од уметноста на јапонското оригами, а користи материјал кој станува поширок кога се тегне и потесен кога ќе се згужва, и тоа во распон од шест конфекциски броеви. Збирката содржи водоотпорна и ветроотпорна облека која одговара на деца од шест месеци до четири години.
Авторот добил инспирација од купувањето облека за неговиот внук, кој ја надраснал додека подарокот стигнал до него. Според британската статистика, лани домаќинствата исфрлиле 300.000 тони облека, голем дел од неа детска. Со 11 милиони деца во Британија, и со постојан притисок врз родителите да купуваат ново и тогаш кога тоа не им е потребно, не е ни чудо што толку големо количество облека останува неизносено.
Еве како изгледа наградената облека: