По жестока расправија со нејзиниот ментор, студентката на Академијата за дизајн во Ајндховен, Ји-Феи Чен, ја создала оваа визуелна метафора, која ја претставува нејзината лична борба да си го каже своето мислење.
Чен е родена во Тајван, и растена во околина во која строго се почитувале авторитети. Иако нејзиниот факултет поттикнува дискусија и креативно мислење, таа не можела да се навикне на новите околности, сметајќи дека контрирањето на професорите е навредливо. Така често запаѓала во недоразбирања, а нејзини колеги биле приморани да ја бранат, бидејќи самата не се осмелувала да реагира.
Но сето ова на крај излегло продуктивно: нејзината лична битка сега е визуелизирана како концептуален проект - лимен пиштол кој работи на вода, а која таа ја собира додека плаче. На изложбата на дела на дипломираните студенти Чен имала прилика да испука кон шефот на нејзината катедра, што и го сторила.
Целиот процес на полнење на пиштолот почнува со ставање маска со силиконска чашка која ги собира солзите. Потоа тие се замрзнуваат во шише, кое се закачува на пиштолот како шаржер. Така, она што се испукува се всушност смрзнати солзи. А да те погоди парче мраз, па уште и од тажна и гневна жена, е тоа сигурно боли.
Повеќе во видеото - можеби некој ќе се осмели да направи и свој, на солзи или на смрзната плунка, сеедно.