„Корисниците ќе имаат можност да го истражат теренот за Квидич каде Хари ги вежбал своите потези, Забранетата шума, како и колибата на Хагрид. Замокот и просторот околу него содржат 100 различни „хот спотс“ - места на кои може да се кликне и да се прочитаат детали за магијата и мистеријата на славната школа“, се вели во соопштението за јавноста на Потермор.
Новата опција на сајтот, е лансирана на 1 септември, ден кога започнува школската година и во Хогвартс, a кампањата за промоција се одвива под хаштагот #BackToHogwarts. Таа е уште една од многуте интерпретации на тоа како би можел да изгледа просторот опишан во серијата книги. За жал ова се однесува само на надворешноста на замокот, а засега внатрешните простории не се дел од проектот.
Прошетката може да ја направите сами тука (бесплатно, со регистрација) или да погледнете како изгледа во долното видео