Bookbox

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Солта наша насушна

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Букбокс гледанка: „Тензинг“ или приказната за шерпасот (2026)

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Од митолошките суштества до алармите - зошто се викаат „сирени“?

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Кој сака да биде милионер?

Звучи како име на познатиот квиз, ама не е. Станува збор за повик на министерот на јужната индиска држава Тамил Наду, дека ќе додели еден милион долари на оној кој ќе го дешифрира писмото на припадниците на древната Индска цивилизација. 

Вистинскиот лик зад „Приказната на Стрејт“ од Линч

Неодамна починатиот режисер деновиве е прославуван поради неговите надреални, фантазмагорични и често морничави визии. Но има еден негов филм кој е толку „нормален“, а толку убав, што човек дополнително да му се восхитува на умешноста да пренесе една трогателна приказна, за обичен човек чиј потфат во спротивно со сигурност ќе беше заборавен.

Последната жива ученичка на Рахмањинов наполни 100 години

Нешто ни тргна со овој композитор деновиве. Пребарувајќи по изведби на негови дела, наидовме на снимка од 1930-тата на која тогаш петгодишно девојче го свири Бетовен. Нејзин професор и ментор бил Рахмањинов. 

„Дизајнирано за катастрофа“ - филм од 1962 за ризиците од пожари во Лос Анѓелес

Во пожарот во Бел Ер (исто така Лос Анѓелес) од 1961, своите куќи ги загубиле ѕвезди како Денис Хопер, Берт Ланкастер, За За Габор и Олдос Хаксли. Нивните биле помеѓу вкупно 484-те објекти уништени во пламените јазици. Пожарникарската служба една година подоцна објавува документарен филм во кои ги објаснува причините за несреќата. Нешто е преземено како превентива за иднина, ама па не може човек секогаш против природата која не направила услови за град на тоа место.

Кој прв ја дефинирал придавката „линчовско“?

Почнува со отсечено уво среде зелена ливада. Ова е нешто што не припаѓа на контекстот, метафора, точка на заплет. Истовремено е и морничаво и смешно и „хммм“. Со еден збор е - линчовско. 

„Биодојч“ е германски не-збор на 2024

Ова „не-збор“ означува дискриминирачки, шовинистички или во друга смисла навредлив термин кој во текот на годината бил често споменуван во јавниот дискурс. Идејата е да се привлече внимание кон тоа како се користи јавниот говор и колкава штета можат да направат некои термини доколку нивната употреба се нормализира. 

Како хипнозата го извлекла Рахмањинов од депресија и го инспирирала да создаде ремек-дело

Популаризиран од британската драма од 1945, „Кратка средба“ и од хитот „Ол бај мајселф“ на Ерик Кармен, вториот концерт за пијано на Рахмањинов е едно од најпознатите музички дела на сите времиња. Но помеѓу него и претходната Прва симфонија, напишана три години претходно, композиторот минувал низ тежок период. Му помогнал колега - лекар, виолист и хипнотизер. 

Дали „рускиот рулет“ е навистина руски?

Играта на живот или смрт веројатно ја измислиле руски војници. Но најзаслужен (или виновен) за нејзината популарност е всушност Швајцарец.

Како книга за пчели ја скандализирала Европа

Насловот не делува дека е контроверзен. Но „Приказната за пчелите“, која најпрвин била објавена анонимно во 1705 всушност била остра сатира со критика упатена кон богатите и моќните од тоа време. 

Финтата на збунување на опонентот наречена „галопот на Гиш“

Ок, не е нашиот Гиш, туку американскиот биохемичар и истакнат член на креационистичкото движење, Дуејн Гиш. Бил познат по своите реторички способности кои ги применувал особено кога зборувал со еволутивни биолози. По него е наречена една говорничка техника.

Подемот и падот на „проверката на факти“

Минатата недела, извршниот директор на Мета, Закерберг, објави серија промени во политиката на Фејсбук и Инстаграм кои значително ќе го намалат нивото на модерација на содржини на овие платформи. Неговите мотивации се во најмала рака сомнителни и резултат на политички притисоци и бизнис интереси. Но настрана ова - зошто „проверувачите на факти“ би требало да се дел од посебен, хиерархиски надреден „комитет“, кога тоа би требало да го подразбира новинарската професија?

Како непознатата транс ѕвезда на „Емилија Перез“ стана контроверзна фаворитка за Оскар

Ако ви кажеме дека филмот што направи р'шум на oвогодинешните Златни глобуси освојувајќи четири статуетки, меѓу кои и за најдобар од својот жанр, е мјузикл за нарко бос кој станува жена, ваквата комбинација може и да не ви зазвучи привлечно. Но дајте му шанса, барем поради главната улога. 

Букбокс гледаше: „Вистинска болка“ (2024)

Двајца братучеди кои не можат да бидат поразлични одат на патување во Полска во чест на нивната почината баба, американска Еврејка, која во наследство им оставила пари за ова. Притоа на површина испливуваат потиснати спомени и стравови, но и многу топлина и хуманост, кои потсетуваат каде всушност лежи главната болка на човештвото - во неразбирањето на туѓата болка.

Сјајот и бедата на интернетот без линкови

Со тоа што креира анонимни резимеа на одредена тема, вештачката интелигенција прави „урамниловка“ на фасцинантната архитектура на мисли и идеи што е (беше?) богатството на интернет. 

Има пожари во Америка, пожари во Македонија и има подготовка за можни пожари во Јапонија

„На маката се познаваат јунаците“, но и културолошките разлики. Кај нас пожарникари не можат да пробијат од паркирани коли, узурпирани скали за евакуација со буриња зелка и украдени црева од хидранти. Е во Јапонија, како и за многу други нешта, е друго. 

Вистинската приказна зад серијата „Пробив“ - шведското двојно убиство расветлено со помош на генеалогија

Нова шведска мини-серија на Нетфликс го следи случајот кој извршил револуција во ДНК технологијата користена за расветлување на кривични дела. Убиецот е фатен дури по 16 години, само затоа што еден истражител не кренал раце од него. 

Нова изложба посветена на „Илон Маск на раниот 20 век“ - футуристот Маринети

Бил сјаен но контроверзен автор на Футуристичкиот манифест, боемски поет затворен во иста ќелија со Мусолини, кој визионерски го предвидел модерниот свет. Нова изложба го истражува неговото наследство.

Приказната дека првиот компјутерски „баг“ бил вистинска бубачка не е точна?

Приказната што ја знаевме е следна: на 9 септември 1947 и тоа точно во 15:45 е регистриран „првиот вистински случај на компјутерски баг“ - молец најден во електричните кола на компјутерот Марк 2 на Харвард. Од тогаш наводно и датира употребата на овој термин за инженерска или техничка грешка. Но тој е всушност постар и нема врска со конкретниот молец, кој изгледа бил зафрканција.

Не ми се фемкај ко некој протестант

САД не можат да постигнат од наплив на верници кои се прешалтуваат од потрадиционалните протестантски заедници во православната црква. Не какви било верници, туку млади, неженети мажи, кои сметаат дека ова им е по „мажествена“ алтернатива. 

Букбокс читанка: „Уништување“ од Мишел Уелбек

Нeкаде среде најновиот, а според најавите можеби и последен роман на Уелбек, ви доаѓа да извикате, макар и на лош француски - „Мишел, ти ли си?“. Затоа што книгата може да се толкува како реално збогување, но и обратно, како отворање ново поглавје. 

Ова доста објаснува: оловото користено во Римска империја го намалило коефициентот на интелигенција на Европејците

„Освен медицина, образование, вино, јавен ред, иригација, патишта и систем за чиста вода, што имаат бе направено Римјаните за нас?“ - е познатата реплика од „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон. Списокот делува исцрпен но нешто е сепак заборавено. 

Ако е за утеха: не се умира еднаш, туку цело време

Некои заминуваат спокојно во ноќта. Други умираат брзопотезно во неочекувани инциденти или смртоносни инвазии. Не, не луѓе. Клетки.

Букбокс гледаше: „Последната сесија на Фројд“ (2024)

Филм за замислена средба помеѓу два големи ума - психијатар-атеист и професор по книжевност и писател - верник, во момент кога е јасно дека на првиот му се избројани деновите. Премисата е одлична, иако за жал истото не може да се каже и за целиот филм. 

Музеј на промашени подароци - од керамички кловнови до исечени мачешки нокти

Презентирани како уметнички дела, необичните предмети се закачени на ѕидот на галерија во Торонто. Тие се добиени на јавен повик од нивните сопственици, а ја испитуваат дефиницијата на тоа што е „лош“ или „промашен“ подарок.