Bookbox

Во Франција избувна необичен академски скандал откако професор по филологија е ставен под истрага поради сомнеж дека сам си измислил престижна награда – а потоа и самиот си ја доделил.

Во вторникот, 5 мај, во Венеција започна 61-то Венецијанско биенале, во сенка на политички тензии и протести. Засега по популарност водат две дела - едно големо ѕвоно и едно гнездо од галеб.

„Тука лежи телото на Џонатан Свифт“ - најголемиот епитаф во историјата или порака до непријателот?

Во својот тестамент од 3 мај 1740, пет години пред да почине на возраст од 78 години, Свифт на латински си го напишал епитафот. Тој гласел: „Тука почива телото на Џонатан Свифт, каде дивјачката огорченост нема веќе да му го ранува срцето. Ајде патниче, имитирај го, ако можеш, овој силен бранител на слободата“. Денес текстот стои на натпис на мермерна плоча во катедралата Св. Патрик во Даблин. 

Во речиси сите филмови со Мет Дејмон тој се обидува да се врати дома

Фановите забележале една интересна и помалку комична шема во филмската кариера на Мет Дејмон - без разлика дали станува збор за војна, вселена или митологија, неговите ликови речиси секогаш се обидуваат да се вратат дома. Ќе се врати ли конечно со „Одисеја“?

Што ни кажува овогодинешниот список на Пулицерови награди?

Откако Кендрик Ламар ја доби Пулицеровата (во 2018 - damn!, кога пројдоа?), на оваа тема се нема случено нeшто премногу возбудливо. Сепак, како и секоја голема награда и оваа нешто кажува, за атмосфера, трендови, влијанија. Да видиме што.

Kумот на Твитер

Џефри Чосер, познат како „татко на англиската литература", најголем англиски поет на средниот век, алхемичар, астроном и дипломат, е заслужен и за еден збор, кој 612 години по неговата смрт добива малку поинакво значење од она кое тој го имал на ум.

 

Kако да напишете роман за еден месец?

На 1. ноември почна проектот NaNoWriMo - идејата е секој од учесниците за еден месец да напише 50,000 зборови или 175 страници краток роман. Еве мнооогу добар совет за оние кои се одлучиле да го направат ова. Не е доцна да се придружите.

Банана Каренина

Додека трае „филмскиот бутик" во Менада - проекции на филмови кои или биле инспирирани од модата, или самите покренале некаква модна промена - еве го нашиот прилог: колекција која ја одбележува премиерата на новата филмска верзија на „Ана Каренина".

Изложба на Маргита Стефановиќ во Белград

Придонесот на Маги кон звукот и идеологијата на ЕКВ е јасен. Она што е помалку познато е дека таа има дизајнирано и повеќе плакати и обвивки на плочи на групата. На 5. ноември се отвара изложба посветена токму на оваа тема.

Хобит лета со авион

Авион полн со хобити, орки и други чудни суштества лета накај Средна Земја, и добива инструкции за безбедност на летот од стујардеса-елфка. Не, не е извадок од новиот „Хобит". Видео за безбедност на лет е.

Мустаќот е институција

Со блага грижа на совест дека во светот повеќе се крева џева за правата и благосостојбата на жените, денес, на 1. ноември, решивме постов да го посветиме на мажите и нивните мустаќи, а сè за добробит и на друг значаен дел од нивното тело.

Нов еротски бестселер на полиците

Изгледа петте минути, кои се протегнаа на пет часа, на 50 нијанси сиво, изминуваат. Еротскиот роман на јапонско-американската авторка Силвија Деј за само шест дена се продаде во 80,000 примероци.

Френк Лојд Рајт и куќичката за Едвард

Во јуни 1956., човекот кој постхумно го нарекоа „најголем американски архитект на сите времиња", добил необично писмо од 12-годишно момче, со молба тој својата експертиза да ја вложи во проектирање на куќа за неговиот најдобар пријател, Еди.

Вода, лекови и книги

Пред да удри ураганот, освен вода, конзервирана храна и свеќи, медиумите ги советуваа жителите на источниот брег на САД да складираат и доволно литература. 

Приказната за Јуриј Гариќ

Убава приказна за првиот југословенски космонаут, кој пет пати ја обиколил земјата. Во своето фичо.

Чадорот наш насушен

Едно од трогателните својства на човечкиот род е да верува во моќта на сопствените изуми дури и во ситуации кога тие се очигледно бескорисни. Како морална поддршка на нашите пријатели заглавени во ураганот, но и како потсетување на кршливоста на цивилизацијата пред налетот на природна непогода со име и карактеристики на лоша жена.

Како што е во рајот (2004)

Филмот е истовремено и „feel-good" и „feel-bad" - комбинација карактеристична за скандинавските филмови. Критика на културата која се обидува да вкалапи, контролира, да наметне чувство на вина и грев дури и тогаш кога го нема, ова е ода на човековата страст по животот, и обидот тој достоинствено да се живее. Убав, убав филм.

Како ќе изгледа новинарот на иднината?

Вестта дека Кларк Кент а.к.а Супермен го напушта печатеното новинарство потресе многумина кои сè уште негуваат нежни чувства кон новинската хартија и мирисот на олово. Една новинарка со рубрика за градинарство почнува да се сомнева во својата професија по шокантната постапка на нејзиниот идол. Д-р Остојиќ од booksa.hr повторно има добар коментар - времињата се менуваат, а со него и нашите идоли.

Музички кодирани говори

Драган Чалина, млад српски џез пијанист, преслушувајќи ги говорите на локалните политичари, почнал да си ги „преведува" во музика. После ова секој говор на Бранко ќе ви звучи ко концерт на Телониус Монк.

Лаптоп за секоја жена

Пред некое време пишувавме за родово ориентираните Бик пенкала „за неа". Бидејќи рачното пишување е цивилизациска практика која одумира, Фуџицу смислиле технолошки поисплатлива варијанта - лап топ „само за дами".

„ДОВЕРЛИВО ОД КУЈНАТА: АВАНТУРИ НИЗ МРАЧНИТЕ СТРАНИ НА КУЛИНАРСТВОТО“ од Ентони Бордејн

Сè почна кога на телевизија ми се појави нов канал – 24 Kitchen – посветен на храна и готвење. Многу бргу лутеницата на Алачка падна во сенка на белите пецива на бланшираниот Рудолф, на Spezzatino di carne con patate на Џовани и на „шоколадовите клавиши" на Јулисима.

Колку геј е геј?

Според важечките норми, мажите не се допираат многу-многу. Ракување, кратка прегратка - тоа е прифатливо. Но хетеросексуални мажи да се држат за раце или да се фаќаат околу струкот? Тоа е во најмала рака необично. Сепак, не било отсекогаш така.

ХДЗ: Младеновиќ не заслужува улица во Загреб

Денес, 25.10, на седница на Градското собрание на Загреб, требаше да помине одлуката за Милан Младеновиќ (ЕКВ), инаку роден Загрепчанец, да добие улица во градот. Ама, тоа и не е баш така извесно како што изгледаше на прв поглед.

Граѓанска храброст која (не) се исплати

Вчера (23.10) во Загреб се одржа премиерата на „Огледало на општеството во создавање" - филм за Виктор Иванчиќ и култниот „Ферал".

Мeстенка за шоља

Веќе четврта година, бргу по доделувањето на Букер-вистинска, Гардијан ја доделува наградата Not the Booker Prize, како обид за популаризација на потенцијално потценетите дела, како и за да им се даде право на глас на читателите. Ама демократијата е чудна ѕверка...

Кога зајачињата ќе остарат

За едно дваесет години овие девојки ќе се сеќаваат дека во најдобрите денови биле хостеси облечени во секси корсети, манжетни, зајачки уши и пуфкасто опавче. Дека, како и голем број нивни постари колешки, биле горди Плејбој зајачици.

„Награда за мир доделија, и мир немаше веќе“

По доделувањето на Нобел за мир на Европската Унија не стивнуваат реакциите, некои во проза, некои во стихови. Иако е тешко да се долови оригиналниот десетерец, еве една во духот на јужнословенските епови. 

Проект: збор за секое животно искуство

Пред 30 години Даглас Адамс ја објави The Meaning of Liff, речник на нови термини за појави кои заслужуваат да имаат име, но немаат. Сега речникот доживува продолжение.