Колку видови книги има?

Книгата на Итало Калвино, „Ако една зимска ноќ еден патник", е роман во кој еден читател (токму вие) се обидува да купи и да го прочита романот на Итало Калвино, „Ако една зимска ноќ..". Во еден пасус од првото поглавје се наведени следниве типови книги на кои наидувате, додека ја барате онаа на Калвино.

Книги кои не сте ги прочитале

Книги кои не мора да ги читате

Книги направени за друга цел а не за читање.

Книги кои се прочитани дури и пред да бидат отворени бидејќи припаѓаат на категоријата книги прочитани пред да бидат напишани

Книги кои доколку имате повеќе од еден живот секако би ги прочитале, но за жал вашите денови се броени

Книги кои сте мислеле да ги прочитате но има други кои најпрвин треба да ги прочитате

Книги кои ги очекувате да излезат во мек повез

Книги кои можете да ги позајмите од некого

Книги кои сите ги читаат па исто ви се фаќа како да сте ги прочитале

Книги кои планирате да ги прочитате веќе долго време

Книги кои безуспешно ги ловите со години

Книги кои се однесуваат на нешто што го работите во моментот

Книги кои сакате да ги поседувате за секој случај, ако ви затребаат

Книги кои ги ставате настрана за да ги читате летово

Книги кои ви се потребни затоа што одат со други книги на вашите полици

Книги кои ве исполнуваат со ненадејна, необјаснива љубопитност, која не се задоволува лесно

Книги кои одамна сте ги читале ама сега е време да ги препрочитате

Книги за кои секогаш сте се преправале дека сте ги прочитале, а сега е време да седнете и навистина да ги прочитате

Нови книги чиј автор или тема ве привлекуваат

Нови книги од автори или на теми кои не се нови (за вас, или генерално)

Нови книги од автори или на теми кои се целосно непознати (барем вам)

Списоков секако може да биде и многу покус. Пример: Книги кои ви се важни. И оние кои ич не ви се. Практично исто како и со некои луѓе..

28 март 2012 - 11:29