видео

Духот од Њујоршкото метро

Снимателот и режисер Тим Сеслер едно неделно попладне со камера шета низ њујоршкото метро, и забележува разни звуци, ликови и слики. Краткиот филм кој е притоа снимен делува како прошетка низ нечиј сон.

Никогаш не сме се чувствувале пријатно под земја, па макар и во најубавите подземни железници на светот. Но филмчево прави таму сè да изгледа некако чисто, смирено и пријатно за уши, тотално лебдечки. Просто да посакаш Скопје да добие метро.

24 март 2012 - 09:41