Bookbox

Александар Милес пет години дрско ги изнесувал највредните книги од хрватската НУБ и ги продавал во земјата и во странство, заработувајќи милиони. Го разоткриле кога негов соработник бил фатен на граница со книга чие потекло не можел да го објасни. Од тој момент натаму се плете мистериозна приказна која до денес не е разјаснета. 

Lioconcha hieroglypica е вид морска школка, која може да се најде на Хаваите, Филипините и на Маршаловите острови во Пацификот. На прв поглед изгледа ко на неа некој со мастило да нанесувал некакво тајно писмо.

Дали депресијата е заразна?

Заразната природа на бактериските или вирусните инфекции се добро познати. Ако некој ти кашла во лице, а е болен од грип, има шанси и ти наскоро да заболиш. Но што е со менталното здравје? 

Зошто духовите викаат „буууу!“?

Луѓето имаат извикувано „буу“ или верзија од истото, за да ги уплашат другите, од средината на 16 век. Ама духовите? Изгледа дека тие малку подоцна ја научиле финтата.

Дали и вие живеете во состојба на божествена неисполнетост?

„Најисполнетите луѓе кои ги познавам имаат две особини. Тие се незапирливо љубопитни - за нови идеи, искуства, информации и луѓе. Истовремено, изгледа како да живеат во состојба на континуирана, самонаметната несреќност“.

„Еве го сонцето“ пред „Пржени јајца"

Последното прашање кое Њујоркер им го постави на своите Твитер следбеници во рубриката Questioningly е „Кој е вашиот омилен Битлс?". Иако се очекуваше дека Џон Ленон ќе биде прв, она што изненадува е дека веднаш по него, и тоа за само 2% помалку гласови, не е Пол, туку - Џорџ.

Почина Карлос Фуентес

На 83 години во Мексико Сити почина легендарниот мексикански романописец, кој заедно со Mаркес и Љоса го сврте вниманието на светот кон латино-американската книжевност и култура.

Уметноста не е срање

Пред некое време прочитавме дека во Музејот на стара и нова уметност во Тасманија е поставена „Професионална клоака" - систем на садови кои го имитираат човечкиот систем за варење, и во основа произведува измет. Се заинтересиравме за уметникот и откривме многу пooткачени работи од ова „контроверзно" дело.

Сократ повторно во судница

Замислете наместо судењето на Шешељ или на Готовина, на интернет да можете во живо да го следите судењето на - Сократ. Настанот кој се случил пролетта 399. пред наша ера ќе биде рекреиран со помош на современата технологија, и можеби ќе резултира со нова пресуда: дали овој пат Сократ ќе преживее?

Градоначалничка поезија

Мајкл Блумберг, „таткото“ на Њујорк, пред некое време се проба во областа на поезијата. Повод: Националниот ден на џепна поезија. Резултат: очаен.

Приказната за Амариљо Слим

На Букбокс повеќе пати му е замерено дека е опседнат со годишнини од смрт и последни поздрави на познати личности. Но на ова не можевме да одолееме - некрологот за Томас „Амариљо Слим" Престон во Економист, кој умре на 29. април на 83. Приказната за овој уметник во својата професија звучи ко да е филмска.

Откачени фотки на сериозни автори

Во сечиј живот има моменти кога е подобро наоколу да нема фото-апарати. Иако за некои од застапените автори веруваме дека знаеле и подобро, и повеќе отколку што е тоа регистрирано во архивите. Кога за нив велиме „сериозни“, мислиме на сериозно добри. Ако имате некоја слична од наши писатели, праќајте!

Рецепт за идеално лоша држава

Наспроти Платон, кој се обидуваше да ја дефинира добрата држава, Пекиќ ги наведува критериумите според кои една држава сигурно не е таква. Почнете да штиклирате - ако во реалноста не препознаете ништо од сето ова, блазе си ви.

Kули во форма на хаштаг во Јужна Кореја

За оние кои користат Твитер „#" е најпрепознатливиот симбол на социјалното вмрежување. Наскоро ќе биде преточен и во архитектура.

Ни графитите не се она што беа

Нов мурал во Детроит ја претставува смртта на уличната уметност, која според неговиот автор, со прекар SEVER, станала мејнстрим.

Глобален Цафуре

Во продолжение на темата за машката влакнетост (не, не воведуваме рубрика „Дечко на денот", барем не засега), избор од фини фотографии кои го овековечуваат моментот на контакт помеѓу мажот и неговиот бербер, кој е очигледно значаен во повеќе култури. Нешто како тимарење меѓу животните. Само што ова животно знае да ракува со брич, ножици и чешел.

Што чита Медлин?

Фино е понекогаш да се види политичар, па макар и бивш, што чита, а тоа да не е од „идиот". Еве ги книжевните преференци на Медлин Олбрајт. Малку се конзервативни, ама барем жената си е доследна. Плус „Војна и мир“ на ридер? Фраерски, нема што.

„ЗАЧИН ОД МАНДРАГОРА“ од Владимир Коробар

Можеби и има нешто во стратегијата на саморекламирање на одреден број македонски автори, кои ја разбрале суштината на пишувањето како активност која како и некои други, на пример држењето диета или депилирањето, никогаш не се прави „онака, чисто за себе", туку за другите да ги забележат ефектите на истото, и да го пофалат. Работата е што често наместо делото, изрекламиран останува само авторот, а книгата чмае непрочитана.

Ќелави од сите земји - помирете се!

Милош Васиќ за ноќната мора на повеќето мажи - феноменот на губење коса, уште познат и како ќелавење. Не се мачкајте со мед, пелин или газија, и ве молиме, никако не се чешлајте на „октопод“.

Она кога двајца трчкаат по дожд, а у позадина иде музика

„Поголемиот мал филмски речник" го дефинира „Полу-задолжителното лирско меѓувреме" или ЗЛМ, како „сцена во која се користи мек фокус и 'слоу моушн', додека во позадина оди песна која има намера да стане хит, а љубовниците се движат низ некаква романтична околина".

Зулу додоле

10. мај (утре) некој го прогласил за Меѓународен ден на Монти Пајтон статус на Фејсбук. Што и не е лош повод да се потсетиме на нивните урнебесни скечеви, но и на некои навидум споредни работи. Како на пример оваа преписка меѓу Џон Клис и таблоидот Сан, од 1982.

Кремпита, значи постојам!

Филозофијата и бизнисот понекогаш се спојуваат на навистина чудни начини. Особено ако сте слаткар, и тоа Грк, кој има продавница на катедрата по филозофија. Како да се ужива во сладолед од јагоди во еден апсурден свет? Како да не ви се распаѓа кремпитата ако сте по Дерида? Просто е - сменете (си) ја филозофијата!

Гласот на Фројд

Сигмунд Фројд (роден на 6. мај 1856) во текот на кариерата не бил секогаш на добар глас. Но неговиот сепак преживеал - на единствената снимка направена од новинари на Би-би-си, непосредно пред неговата смрт.

Григ во ЈСП

Го знаете она чувство: вторник е и влегувате во градски автобус. Гужва од пензионери, средношколци и домаќинки со ќеси полни млад кромид. 

Пролетно средување книги

Додека го пишувам ова фрлам поглед кон моите полици и сфаќам дека ако ги послушам понудениве совети веќе никогаш нема да можам да си лоцирам ниедна книга - сите веќе си имаат најдено место без логика и посебен естетски 'дојам'.

Рејдиохед низ детски уши

На неколку деца од отприлика 5-7 години, значи пред школото да им ги затапи сетилата и од нив да направи мали уметнички медиокритети, им ја пуштаат Paranoid Android од Рејдиохед. Нивните осврти кон делото се бесценети, и стварно имаат смисла.

Јагнето спаси глава?

Се сеќавате на гилотината, јагнето и гласањето за неговото погубување? Епа јагнето изгледа ќе преживее. Или можеби само го смени егзекуторот.

Тито во Квинс

Ресторан чиј сопственик е Бошњак, каде келнерките се од Србија, а во соседство има хрватски бар, звучи како рецепт за катастрофа. Дури (или особено) ако се вика „Маршалот" и се наоѓа во Квинс. Кенан Требинчевиќ за берберот Џиџи, хрватскиот Колдлеј и бистата на Тито скриена зад шише ракија.