Фото репортажа

Глобален Цафуре

Во продолжение на темата за машката влакнетост (не, не воведуваме рубрика „Дечко на денот", барем не засега), избор од фини фотографии кои го овековечуваат моментот на контакт помеѓу мажот и неговиот бербер, кој е очигледно значаен во повеќе култури. Нешто како тимарење меѓу животните. Само што ова животно знае да ракува со брич, ножици и чешел.

Дака, Бангладеш: Тоа што неговиот дуќан е уништен како дел од програма за чистење „диви" населби не го спречува овој бербер да си ја продолжи работата

Абудаби, Пакистан: Берберот Мухамед Ариф бричи муштерија.


Рангун, Бурма: Будистички монах ја бричи главата на негов „колега".


Краснојарск, Русија: Волонтерката Катја Цигелникова го потшишува Хаим Број, 87-годишен ветеран од Црвената армија во неговиот стан, вечерта пред Денот на победата.

 

Шангај, Кина: Бербер шиша муштерија зад куќи.

 

Њу Делхи, Индија: Бербер зборува со пријателот додека му става лосион по бричење на муштеријата.


Хавана, Куба: Приватен, лиценциран бербер шиша муштерија на тротоарите на Хавана. Претседателот Раул Кастро во рамки на ограничени економски реформи легализира одредени видови бизниси, како уличните продавачи.


Килс, Турција: Бегалец од Сирија кој работи како бербер во просторот помеѓу контејнерите во бегалскитот камп наречен „Град на контејнерите" бричи друг бегалец.

 

Извор: Гардијан

12 мај 2012 - 08:55