Вим Делво е белгиски концептуален уметник, чии дела во голема мера се фокусираат на телото. До скоро работеше во Белгија, но неодамна се пресели во Кина, откако судот во неговата родна земја ги прогласи неговите дела - тетоважи на живи свињи - за нелегални. На 31. мај се отвара негова изложба во Лувр, која додуше нема да содржи прасиња, туку ќе ги претстави помалку провокативните страни на творештвото на овој уметник, како витражи или дигитални (и иронични) обработки на дела од готиката.
Од неговиот сајт, чиј дизајн личи на Фармвил или на Симс, одбравме неколку интересни примери. Делото во Австралија можете и да го прескокнете. Доволно е да се најадете грав со колбаси.
Фудбалски голови од железо и стакло
Декоративни плински боци
Преписки на граѓани со институции и органи (за жал не ги разбираме)
Од серијата готски витражи „9 музи“ (ја одбравме Калиопа:)
Резба во автомобилска гума
Од серијата Секс-реј (има и многу поексплицитни)
Накит од серијата Мебиус (сакам ваков прстен!)