Во еден од оние бесценети моменти кога уметноста го надминува животот, еден преамбициозен „концептуалец“ не успеал да се ослободи со чекан мавајќи го каменот за кој самиот се врзал. Името на неговото дело - „Товар на историјата“. Па не може подобро од ова!
Овогодинешниот Фриз фестивал во Лондон, меѓу најпознатите светски саеми на современа уметност, ќе се одржи од 15-18 октомври. Еден од најавените експонати - супа од зеленчуци растени во Фукушима.
Раскинуваш со дечкото/девојката, лежиш во кревет, пиеш, пушиш и генерално страдаш, за во еден момент да ти текне - од ова се прави уметност, која потоа скапо се продава. И одма друго.
Пред некое време прочитавме дека во Музејот на стара и нова уметност во Тасманија е поставена „Професионална клоака" - систем на садови кои го имитираат човечкиот систем за варење, и во основа произведува измет. Се заинтересиравме за уметникот и откривме многу пooткачени работи од ова „контроверзно" дело.