Ако за некоја супа ви кажат дека е радиоактивна, дали би ја јаделе? И дали тоа би било уметност?
Двајца јапонски уметници на посетителите на споменатиот саем ќе им понудат токму вакво „дело", под наслов „Дали оваа супа има амбивалентен вкус?". Перформансот е направен како знак на солидарност со оние кои беа (и сè уште се) погодени од јапонската нуклеарна катастрофа од 2011.
Еи Аракава и неговиот брат Томоо, кои настапуваат како „Обединети браќа", освен со уметност се занимаваат и со успешен бизнис - поседуваат синџир солариуми. Тие ги увериле организаторите дека супата е безбедна за јадење, односно дека е направена од зеленчук кој бил одобрен од Здружениот на фармерите на Јапонија.
Самите уметници се од Иваки во областа Фукушима, и тие на настанот ќе дојдат со нивната мајка, која всушност ќе ја подготвува супата секој ден во текот на саемот. Главна состојка е дајконот, јапонска ротквица, која е растена во близина на нуклеарката. Супата ќе се дели бесплатно, бидејќи според каталогот, „подарокот во вид на храна означува суштина на гостопримството, споделувањето и хуманоста". Сепак амбивалентноста „виси" во воздухот (или плива во супата), и можно е да постои психолошка бариера кај гостите да ја пробаат.
Директорот на Фриз, Метју Слотовер, изјавил: „Тоа е еден од ние проекти за кои не знаете дали ќе создаде голем ред или пак никој нема да се осуди да пријде".
Покрај ова, на 12. саем во Лондон ќе се претстават 160 современи уметнички галерии, а еден од забележителните перформанси е оној на добитникот на престижната награда Тарнер, Марк Волингер, кој ќе ја рекреира работната соба на Фројд во Лондон.