Bookbox

Прекрасен филм, направен според вистинска приказна, за татко и ќерка кои се обидуваат да живеат во шума, изолирани од институции, шопинг молови, компјутери и телефони. 

Во мемоарот холивудската легенда го документира својот динамичен живот на начин кој е опишан како искрен и весел. Сепак помеѓу спомените има и по некои трауматични. На пример кога на 10-годишна возраст си го повредил пенисот.

Што е тоа „ефект на коктел забава“?

Селективното слушање, познато и како „ефект на коктел забава“, е способноста да разликуваме и да се фокусираме само на еден звук во присуство на други со кои тој конкретен звук се „натпреварува“. Накратко - она што нè интересира го слушаме, другото го игнорираме како позадинска врева.

Речиси 20.000 потписи на петиција на креативци против тренирањето ВИ на нивни дела

Бjoрн Улвеус од АББА, актерката Џулијан Мур и пејачот Тој Јорк се помеѓу потписниците на изјава од претставници на креативните индустрии кои се противат компаниите да ги користат нивните ликови, гласови и дела за тренирање на вештачка интелигенција.

Букбокс гледаше: „Ли“ (2024)

Биографски филм за американската фоторепортерка Елизабет „Ли“ Милер, која во текот на Втората светска војна била воен дописник на „Вог“. Зошто до скоро не знаевме за неа? Затоа што самата не го сакала тоа. 

Дали знаете што е COBISS?

Во Букбокс се обидуваме да промовираме различни начини на кои може да се дојде до книга, разменувајќи ја, или позајмувајќи ја. И ич не ни текнало да претставиме една алатка што ни е ептен на дофат на рака.

„АСТРАГАЛ“ од Албертина Саразен

„Албертина Саразен (1937-1967) е француско-алжирска писателка. Рано го напуштила училиштето и се оддала на криминал и проституција. Ги напишала нејзините два романа во затвор, а умрела на 29-годишна возраст. Ова ново издание од 2013 е придружено со предговор на Пети Смит.

Лажен книжевен фолклор

Aко нешто се споделува, се печати или се кажува доволно долго, тоа никогаш нема да стане вистина, но ќе стане реално. Отприлика вака стојат работите на интернет кога некоја информација ќе почне масовно да циркулира. 

Архитектура на текстот

Како кога во кулинарството ќе се помешаат навидум неспоиви вкусови, така и мешањето на уметнички дисциплини често знае да отвори неочекувани хоризонти. Матео Периколи тоа го прави со архитектурата и книжевноста.

Зошто Безос купи весник?

Бред Стоун, долгогодишен репортер од Силициумската долина, долго време работи на нешто за што се надева дека ќе биде најисцрпната биографија на Безос до сега. Излегувањето на „Продавницата за сè: Џеф Безос и ерата на Амазон" се планира во октомври.

Како се вика „пијам да се опијам“ на француски?

На Французите мора да им се оддаде почит за напорот да стават јазична, па оттаму и културна брана, од туѓите влијанија. Секако, тие на долги стази ќе се покажат залудни. Но барем идните генерации ќе знаат дека некој некогаш се обидел.

Како да сочуваш дрво

Дрвјата се најубави во природа, далеку од загадените булевари и луѓето кои можат да им наштетат. Втори по ред се оние на сликарските платна или во скулпторските студија - така овековечени тие продолжуваат да постојат дури и кога нивниот оригинал е претворен во огревно дрво, изедено од бели вошки, или прегазен од булдожери.

Фотографии со скриени лего коцки

Еден фотограф и еден скулптор се нафаќаат да ги здружат вештините, и да направат фотографии во кои границата помеѓу реалното и она направеното од лего коцки ќе биде замаглена. Обидете се на нив да ги пронајдете ваквите „коцкасти“ предмети, и ќе видите дека тоа и не е така лесно.

Човекот со златно грло

Бизарната навика ревносно да ја следам рубриката со некролози по медиумите понекогаш се покажува како прилично корисна. Инаку можеби никогаш не би слушнала за Конгар-ол Ондар, мајсторот на туванското грлено пеење.

Киборгот кој слуша бои

Нил Харбисон (1982) е современ уметник, музичар и киборг активист. Стана славен откако го доби правото во пасошот да се слика со изумот „ајборг", кој му овозможува да ги нагласи и прошири сопствените сетила на вид и слух, со што практично стана првиот официјално признаен киборг. Ова е неговиот говор на ТЕД.

Илинден во време на Фејсбук

Што ако во 1903 имало компјутери, ако Илинденците го најавеле востанието преку Фејсбук, а место малихерки во рацете држеле џојстици? Поука: ако организирате револуција, гледајте и непријателот да ги има платено сметките за интернет.

Како се вика „четири" на исландски?

Во книга „Мислење во бројки: за животот, љубовта, значењето и математиката" од Даниел Тамет, се анализира една необична лингвистичка појава - различните изрази за едни исти бројки во еден ист јазик. И потполното отсуство на зборови за бројки во други.

Спиењето како анти-капиталистички чин

Новата книга на Џонатан Крери, „24/7: доцниот капитализам и крајот на спиењето", зборува за една актуелна тема - конфликтот помеѓу биолошката потреба за сон и современиот притисок за продуктивност.

Четворица славни „багабонти“ под шатори

Во август 1918, кога имал 81 година, писателот Џон Бароуз заминал на 12 дневно патување со 71-годишниот Томас Едисон и помладите бизнисмени Хенри Форд и Харви Фајрстоун. Фотографиите сега се достапни онлајн, преку библиотеките на Универзитетот Харвард.

Типови муштерии по книжарници

Од сите можни поделби на различни типови читатели, една е посебно интересна, затоа што е направена од агол на оние кои постојано се соочуваат со психопатологијата на секојдневниот читател - продавачите по книжарници.

Знакот за нов ред

Во книгата на Кит Хјустон, софтверски инженер и писател, „Тајниот живот на интерпункцијата и симболите", се истражува историјата на голем број вообичаено користени типографски знаци. Некои од нив ретко се употребуваат, но раскажуваат интересна приказна. Како на пример оној за нов пасус.

Кончаловски за руската црква, Олимпијадата и клозетите

Андреј Кончаловски (75), славниот руски сценарист и режисер („Полудениот воз", „Танго и Кеш" и ко-сценарист со Тарковски на „Рубљов"), брат на Сергеј Михалков, неодамна објави текст под наслов „Во каков Бог верува рускиот човек?" и влезе во интересна полемика со Руската православна црква. 

Книги за сите сетила

Има книги кои без оглед на содржината, се убави. Мат пластифицираната корица некако лизга под дланка, хартијата е благо рељефна и ги дразни јаготките на прстите, мириса на печатарска боја, на складишта во предградијата и на оние кои ја читале пред тебе. Ама има книги кои се намерно правени да бидат сетилни.

Koга Бјорк го сретна Атенборо

Звуци на громови, сини китови, клукајдрвци, и многу технологија, употребена за сето тоа да се регистрира и да се истражи врската помеѓу науката и музиката. Водители: кој друг ако не визионерката од Исланд и четириесет години постариот природонаучник?

Земјотресна уметност

Како да се разбере реалноста на геолошки активниот свет, и да се живее со тоа сознание, без истото да се поврзува само со катастрофи и страв? Уметноста, таа универзална терапевтска алатка, помага. Особено ако е споена со релеватно научно знаење. 

Зошто „скара" е машки род?

Скарата е многу сериозна работа. И не случајно е прогласена за машка. Ако баш сакате да ги тестирате нејзините родови аспекти, обидете се како женско да се замешате во која било фаза од нејзината подготовка.