Bookbox

Во време кога научните трудови влијаат врз јавни политики, здравствени препораки и образовни системи, се поставува суштинско прашање: колку се стабилни резултатите на кои им веруваме? Таканаречената „криза на репликабилноста“ откри дека значаен дел од истражувањата не ги издржуваат повторните проверки. Наместо да се прифати тоа како скандал, дел од научната заедница почнува да го третира како можност – да се врати науката кон нејзиниот основен принцип: проверливост. 

Иако современите јазици имаат стотици илјади, па и милиони зборови, понекогаш сепак тешко ја изразуваме „суштината на животот“. Токму затоа вниманието го привлекува Токи Пона – вештачки создаден јазик со околу 137 основни зборови, кој се смета за еден од наједноставните во светот.

Како еден одгледувач на кокошки станал двоен германско-британски агент

Британското кодно име му било Гарбо. Германците го воделе под Аларик. Бил обичен селанец, кој поттикнат од својата омраза кон фашизмот самиот - без да биде „регрутиран“ од никого - почнал да шпионира за Британците. Одиграл клучна улога во успехот на Ди-деј во текот на Втората светска војна, иако за малку сопругата ќе ги расипела плановите, а со тоа ќе го променела и текот на историјата.

Почина Мајкл Силверблат, човекот што на радио зборуваше со најголемите американски автори

Мајкл Силверблат, долгогодишниот и посветен водител на книжевната емисија „Букворм“ на радио станицата KCRW, почина на 73-годишна возраст. Во текот на повеќе од три децении пред микрофонот, тој ги интервјуираше речиси сите големи имиња на современата книжевност. Поточно, им зборуваше, исто онолку колку што тие му зборуваа нему. 

Зошто медицинските драми се толку привлечни?

„Ургентен центар“, „Доктор Хаус“, „Oва ќе боли“, „Добриот доктор“ или „Д Пит“. На првa, не изгледа особено привлечно да се гледа серија што го следи секојдневието на лекарите: медицински термини, повреди, крв, неизвесност и смрт. Сепак, високата гледаност и долгите сезони на овие серии покажуваат дека публиката е заинтересирана, дури и опседната. Зошто?

Професија: хранител на мачки

Во викторијанска Англија мачките станале сакани љубимци, до тој степен што се развила економија на продавачи со колички наречени „мачко-месари“. Мачките по улиците им се умилкувале, кралското семејство ја поддржувала нивната „хумана“ мисија, но повремено се појавувале урбани легенди што фрлале сенка врз нивниот лик и дело.

Дали на растенијата им „фаќа црпката“?

Сите дискусии за вештачката интелигенција не само што ги поттикнуваат прашањата за јазот помеѓу природната и вештачката, туку и прават да преиспитаме што е всушност првата и кој во животинското царство е заслужен да биде наречен интелигентен?

Илјадници уметници објавуваат „тивок албум“ во знак на протест кон ВИ што ги користи нивните дела

Повеќе од 1000 музичари, вклучително Ени Ленокс и Кејт Буш, ќе издадат албум со звуци од празни студија во знак на протест против планираните промени на законот за авторски права во Британија. 

Трагичното пријателство на еден француски и еден југословенски поет

Ален Боске (1919-1998), француски книжевник со белгиско-руско-еврејско потекло. Бранко Миљковиќ (1934-1961), еден од најпознатите југословенски и српски поети и преведувачи. Двајцата напишале дела посветени на другиот. Во романот на Боске се открива и можната причина за нерасветлената смрт на Миљковиќ.

„Килинг ми софтли“ - почина соул дивата Роберта Флек

На 88-годишна возраст почина легендарната пејачка, која беше дијагностицирана со амиотрофична латерална склероза (АЛС) во 2022, кога целосно го загуби гласот.

Звукот на сингериците: првиот оркестар со машини за шиење на светот

Изминатиов викенд еден необичен оркестар изведе експериментален концерт кој ги штепува во едно феминизмот и модата, а на публиката ѝ нуди бесплатни поправки на облеката. 

Една поинаква пандемија: колку минути можете да се концентрирате на едно нешто?

Тиранијата на социјалните медиуми од сите нас има направено мини-селебрити: уморни и нарцистични. Но не се само тие за кудење. Со малку работа на себе, фокусот може да се врати или барем да се тренира, да не бега лево-десно. На пример со ставање метафоричен восок во уши.

На денот на мајчиниот јазик: луѓето се виновни за губењето дијалекти кај шимпанзите 

21 февруари е прогласен од страна на УНЕСКО за Меѓународен ден на мајчиниот јазик во 1999. Секако, се однесува на јазикот кој го зборуваат луѓе. Но зошто би биле помалку вредни и јазиците (со или без наводници) на кои комуницираат други живи суштества, а притоа човекот им се меша и им ги загрозува дијалектите?

Германски суд: Биркенсток сандалите не се уметност

Обид компанијата за производство на удобните, но според многумина грди сандали, да ги заштити согласно закон за авторско право на уметнички дела (не само на дизајн) и оттаму да го спречи нивното компирање. Ама...

Трамп „Раценожички“ ги скрати и парите за научни истражувања

Може слободно да почнат да го викаат Доналд Сизорхендс, бидејќи како почнал да крати од ова или од она, кој знае на крај што ќе остане. Меѓу поновите потези е и значајното намалување на финансии за наука.

На Меѓународниот ден на антропологијата - како културата го моделира значењето на зборовите

На прв поглед делува дека кога ќе кажеме „убаво“, без оглед на која култура припаѓаме, мислиме на едно те исто. Имено, на нешто убаво. Но според најнова анализа на десетици јазици со помош на машинско учење на Универзитетот Принстон, значењето на зборовите не секогаш се однесува на некаква суштинска константа. Поинаку кажано, културата го моделира значењето, особено на поапстрактните именки.

Голтнал игла, го удрила цигла, паѓал по скали - Адолф Сакс сепак оставил инструмент наречен по него

Саксофонот е патентиран во 1840-тите. Новиот инструмент бил одличен за воените бендови, но не ја добил потребната поддршка од музичкиот естаблишмент на тоа време. Зошто?

Греби и (не) добивај: интересната историја на грепките

Делуваат како наивна забава, но инстант лозовите со скриени „кодови“ кои означуваат дали тие се добитни или не се всушност исто како и слот машините, ама со гребење на фино дизајнирани ливчиња. Нивната историја е долга половина век.

дали и вие пишувате само со мали букви?

воведот на текстот на којшто налетавме денес вели: „младите ја имаат забаталено капитализацијата (пишувањето со големи први букви) во корист на стил на пишување што ги рефлектира нивните вредности и ставови кон традицијата“. ние па мислевме дека пишувајќи пораки на овој начин сме само мрзливи. а млади секако сме.

Букбокс гледаше: „Касандра“ (мини-серија, 2025)

Морничава приказна која го комбинира стравот од вештачката интелигенција со архетипот на гневната и одмаздољубива жена. Резултатот е ефектен.

„Технофосили“ - како сегашното загадување ќе стане археолошки наод во иднината

Сакате да оставите трага во светот која ќе трае засекогаш? Па не морате да напишете безвременска драма како Шекспир ниту пак да компонирате како Моцарт. Само фрлете лименка или сменете го мобилниот кој ќе заврши во отпад. И - ете. Веќе сте (речиси) бесмртни.

Што е факт а што фикција во филмот за Марија Калас?

Чилеанскиот режисер Пабло Ларен како да специјализира создавање портрети на значајни жени во пресвртни моменти во нивниот живот, кога се во тешка криза и во војна со своите внатрешни или надворешни демони. По „Џеки“, за вдовицата на Кенеди четири дена пред погребот на нејзиниот сопруг, потоа „Спенсер“, за принцезата Дијана во текот на посетата на еден од имотите на кралицата, а сега и „Марија“, за оперската дива, неколку денови пред нејзината смрт. 

Букбокс читанка: „Не постои лесна работа“ од Кикуко Цумура

Што се случува откако ќе „изгорите“ на претходно работно место и во своите 30-ти ќе почнете да барате било каква работа што не е амбициозна и стресна? Барем во Јапонија има шанса да налетате на многу интересни опции. 

Срце мое: уште колку од 1.5 милијардата отчукувања ни остануваат?

Срцето е моќен симбол и метафора, но и во многу физичка смисла не е ништо помалку загадочно - еве некои факти поврзани со овој неверојатно силен мускул во човечкото тело.

Францускиот производител чие вино е забрането во неговата земја

Винарот Максим Шапутие би можел да биде уапсен ако се обиде да продаде две од неговите најнови вина во татковината - Франција.

Додека не изгори свеќата: „тајмери“ користени во европски бордели

Во популарните јавни куќи низ Европа при крајот на 19 век е користен необичен начин на мерење на времето за една посета - свеќички кои богами изгледаат како бргу да горат. 

Пред коректорот и „дилит“: Џејн Остин користела шпенадли за уредување на своите ракописи

Методот е генијален, иако во времето на Остин изгледа не бил нов. Ја пишувате корекцијата на ливче и го прицврстувате со шпенадла на оригиналниот текст.  Ако има повеќе промени, тој на крај ќе заличи на вуду-ракопис. 

Знаевте дека Салвадор Дали го дизајнирал логото за Чупа-чупс?

Дали ни е една од омилените теми за пишување, бидејќи неговиот лик и дело се одлична комбинација на стереотип за откачен гениј но и на човек кој знаел да повлече добри практични потези, без да смета дека со тоа му се „рони бисерот“. На пример да изработи лого за - лижавче.

Тиит-ти-тииит: Морзеовиот код се враќа

Оживувајќи 200 години стар систем, хардкор ентузијасти се обидуваат да ги заобиколат доминантните начини на комуникација, често на локации каде и онака не би имале интернет сигнал.