Bookbox

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Oд каде името „макадам“?

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Огромен музеј на Битлси ќе биде отворен во 2028 во Ливерпул

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Нов документарец за „италијанскиот пастув“

„Патинестиов“ маж на сликава тешко ќе го препознаете дури и ако сте пасиониран љубител на неговите филмови. Затоа што ликот не му е главниот актерски „инструмент“. Порно легендата сега е тема на нов документарец.

„Гадна“: историја на една придавка во женски род

Во текот на финалната претседателска дебата Трамп ја нарече Хилари „гадна“ жена. Нејзините приврзанички едвај дочекаа повод и самите да изјават - да, и тие се гадни и опасни. Дали ова се навистина навредливи зборови кога се применети на жени?

Запознајте ја Министерката за култура на Израел

Мири Регев, од владеачката партија на Нетанјаху, од моментот кога е стапната на функцијата во 2015, постојано ја нервира интелектуалната елита во нејзината земја, или како што таа ја нарекува, „културна хунта“ - левичари, секуларисти, Евреи со европско потекло, луѓе кои мислат дека „класичната музика е подобра од андалузиската“.

„Мојот Батаклан“: стриповска приказна на преживеан од терористичкиот напад

Фред Девајлд е еден од преживеаните од нападите во Париз на 13 ноември. По трагедијата во салата Батаклан во која беа убиени 90 луѓе, тој истовремено бил среќен што може да му се врати на семејството и трите деца, но и трауматизиран. Неговото решение - да направи стрип и така да ја раскаже својата приказна.

Тајните новинарки од 19 век

Многу пред „гонзо“ новинарството на Хантер С. Томпсон, бројни жени влегувале во опасни ситуации за да разоткријат скандали во јавниот живот. Нивните вистински имиња се главно непознати, но нивните написи се важно наследство во борбата за правата на жените и за социјална правда.

Новиот филм на Мајкл Мур за Трамп, кој не е за Трамп

Документарецот-изненадување, кој почнал да се снима пред само 12 дена, е многу повеќе обид Мур да ѝ помогне на Хилари Клинтон пред финишот во претседателската трка, отколку што е некаков портрет на Трамп. Ама па не дека е многу нежен кон него.

Чак Бери има нов албум на 90 години

По 38 години, ова ќе биде првиот албум со нова музика на Бери, кој ќе се вика едноставно - „Чак“.

Филм после кој гледачите гласаат дали главниот лик треба да биде осуден

Звучи како мисловен експеримент од применета етика - дали би собориле полн патнички авион за да спасите повеќе луѓе на земјата? Слично прашање им е поставено на гледачите по прикажување на филм во кој главниот јунак го прави токму ова.

Новиот документарец на Вернер Херцог е за - вулкани

Откако нè запозна со човекот-гризли, нè прошета низ пештерата на заборавените соништа, поживеавме со среќните луѓе во тајгата и ги испитавме егзистенцијалните влијанија на интернет врз нашите животи, сега е на ред Херцог да нè внесе и во вулкан. Со оглед на довербата којашто до сега не ни ја изиграл, изгледа дека и овој пат ќе му се препуштиме.

Домашна журка со жива класична музика

Групмјуз е компанија која најмува млади, класично образовани музичари или студенти кои на повик доаѓаат дома и одржуваат мали концерти. Основана во 2013, таа денес ангажира над 1200 инструменталисти.

Автобиографија на највлијателниот издавач на 20 век

Да oбјавуваш книги на неупатените им звучи како некаква административна работа, која повеќе има врска со пари отколку со уметност. Но важните издавачи во историјата на литературата не се занимавале само со печатење книги, туку промовирале идеи и менувале цели култури.

Шах со случајни фигури

Што ако во еден строго поставен систем смениш само еден негов елемент и така му ја пореметиш рамнотежата? Од тој навидум разурнувачки чин одеднаш се раѓа нов свет, и нова убавина. 

Кога Дарио Фо доби „незаслужен“ Нобел

Вчера, 13.10, додека очите на сите беа свртени кон Стокхолм и кон овогодишниот добитник на Нобеловата, на 90 години почина писател и актер кој истата ја доби во 1997. И тогаш, како и сега за Дилан, многумина рекоа дека тој не ја заслужува. Во неговиот случај затоа што бил - сатиричар.

Берберница што нуди попуст за муштериите што читаат на глас

Се обврзуваме да донесеме книги во оние наши фризерници што ќе го прифатат предизвикот. Важи и за возрасни!

Зошто Дилан ја заслужува Нобеловата?

На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.

Лондонска книжарница ви нуди бесплатни книги до крајот на животот

Британските книжарници постојано измислуваат начини да го привлечат вниманието и да останат во комерцијална игра. Еве уште една нова идеја.

Човекот кој ја силуваше и ја уби Елена Феранте

Пред некое време пишувавме за „аналитичкиот“ текст на извесен Клаудио Гати, кој го обелодени вистинскиот идентитет на до скоро анонимната италијанска авторка. Од таа негова објава до денес не стивнаа осудувањата на неговата постапка. Меѓу посвежите и поострите е овој, на Јерговиќ, од кого пренесуваме делови.

Најпознатиот музички „форензичар“

Дали навистина „Мислејќи на глас“ на Ед Ширан е украдена од Марвин Геј? Колку и песниве да се слични дури и за просечното уво, на суд се бара експертско мислење, од музички Шерлок Холмс.

Последниот филм на Анджеј Вајда

Овогодишниот кандидат на Полска за Оскар не е некакво претенциозно завештание на Вајда, кој до последниот ден од животот останал зад камерата. Биографија на веројатно најзначајниот полски сликар на дваесетиот век, филмот повторно се занимава со големите теми - вистината и слободата.

Вејтс пак мрчи за авторски права

Вејтс е познат по бескомпромисноста кога е во прашање користење на негова музика за комерцијални цели. Една од неговите најпознати изјави во оваа смисла беше: „Ако Мајкл Џексон сака да работи за Пепси, зошто просто не му дадат канцеларија таму?“.

„Слава“ (2016)

Додека го пишувам ова сè уште е во тек првото издание на фестивалот КинеНова, чија цел е да претстави дебитантски и втори остварувања на млади автори, но и да промовира филмови од за нас помалку познати кинематографии.

„Идолите“ кои ни го заматуваат умот

На сајтов се обидуваме да ја разобличиме глупоста, без оглед на изворот, и во која и да е форма и облик. Кога сме во добрите се обидуваме да ѝ најдеме и оправдување, во смисла на сили кои се навидум „виши“, а кои го заслепуваат човекот и со сила го тераат да биде глуп. Бекон ги нарекувал ваквите интелектуални заблуди „идоли“.

Почина авторот на „Трилер“

Што, не е „Трилер“ на Мајкл Џексон? Епа не бил.

„Музика и муабети: колекција на музички интервјуа“ од Ненад Георгиевски

Статистиката на блогот на Нeнад на порталот Аll About Jazz вели дека тој до сега има објавено 197 осврти за албуми и 124 други статии, од рецензии на книги и филмови, преку интервјуа, до репортажи од живи настапи. Конечно дел од сето тоа е достапно на македонски, во форма на книга.