Bookbox

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Книжарница во која работи волк (и излегува на крај со невозможни муштерии)

Без оглед дали продаваат облека, цвеќиња или козметика, продавачите знаат дека постојат тешки муштерии, кои имаат невозможни барања или кои не знаат што сакаат. Една таква продавачка на книги почнала да црта стрип во кој се замислува како волк.

Професорот кој ги претвора научните истражувања во хип-хоп

„Информациите не се само за елитата“, вели професор кој се обидува да ги информира и оние вон универзитетските ѕидини за она што се случува во нив.

Чадис, џибонс и фантуш: Оксфордскиот речник се збогати со регионални зборови

По повод 90-годишнината од излегување на првото издание, Оксфордскиот речник на англиски јазик минатата година почна кампања под наслов „Зборови онаму каде што сте“. Читатели од целиот свет беа повикани да испраќаат предлози, од кои голем број сега влегоа во речникот.

Сме почнале да кажуваме „ф“ и „в“ кога сме го смениле начинот на исхрана

Кога нашите предци почнале да јадат помеки земјоделски производи, обликот на човечката вилица се променил. Со тоа се променил и репертоарот на звуци кои човекот можел да ги произведе.

Ситните ќе ја наследат планетава

Огромниот диспаритет во големината на животните е постојана фасцинација на биолозите. И навистина има предности во тоа да си голем во ова царство. Но уште подобро е ако си мал и речиси невидлив.

И ова е наука: како влијае музика врз вкус на кашкавал?

Една од пооткачените теми на дипломска за кои сме слушнале кај нас се однесува на брзината на слегнување пена кај разни видови пиво. Слично на ова, и студијата за начинот на кој влијаат различни жанрови врз вкус на млечни производи може да се кандидира за овогодишниот Иг Нобел.

Што е тоа „ефект на Мандела“?

На некои од нас што пишуваме на сајтов ни се случува да се колнеме дека сме пишувале на некоја тема, дури и да се сеќаваме на фотографиите што сме ги ставиле, ама таков линк да не можеме да најдеме. Од инает, и од несакање да се помириме дека можеби се работи за лажно сеќавање, некогаш губиме и цел ден пребарувајќи по различни клучни зборови. Е такви лажни сеќавања си имале и посебно име.

Oтворена архива на Лу Рид во склоп на Њујоршката јавна библиотека

На 2 март (ќе) му беше 77-иот роденден. По тој повод јавната библиотека на Њујорк издаде специјална Лу Рид членска карта, која обезбедува пристап не само до вообичаените услуги, туку и до хартиени и електронски документи, фотографии и околу 3600 аудио и 1300 видео снимки од големиот рокер.

„По животот“ (Нетфликс, 2019)

Доколку сте ја следеле еволуцијата на Рики Џервејс како комичар, во најмала рака ќе ви биде необично што во оваа мини-серија од шест епизоди тој се занимава со смртно сериозна тема. И што пораката која ја праќа е контрадикторна со неговиот генерален став - дека секој (а особено тој) треба да има право да се шали и на табу теми.

Манифестот на убиецот од Нов Зеланд почнува со песна на Дилан Томас

Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.

Амазон повлече книги кои промовираат опасни „лекови“ за аутизам

Во текот на оваа недела сајтот повлече наслови кои промовираат во најмала рака сомнителни терапии.

Љубовната врска на Балзак со анонимна критичарка

Во март 1832, Оноре де Балзак добил писмо на својата париска адреса. Жигот бил од Одеса во Украина, но немало информации за испраќачот. Содржината била остра критика на тогаш нов роман на овој автор, од страна на жена во која Балзак наскоро ќе се заљуби.

Бендот за кој сите мислеа дека е „Битлси“

Веста за распаѓањето на Битлси го погодила светот како ниту една друга слична вест до тогаш (а можеби и засекогаш). Така, некако е логично дека кога во 1976 се појавил еден мистериозен албум, фановите сакале да веруваат дека тој е на нивниот омилен бенд.

Мозочната активност на актерите се менува кога тие глумат

На Марлон Брандо му се припишува изреката дека „глумењето е најнемистериозна од сите вештини“. Но за научниците отсекогаш било загатка што се случува во мозокот на актерите кога се ставаат во позиција на ликот кој го толкуваат.

Пчелите можат да разликуваат различни уметнички стилови (за разлика од некои луѓе)

Одамна се знае дека пчелите се паметни суштества. Имаат одлични навигациски способности и меѓусебно комуницираат преку „танц“. Е сега излегува дека се разбираат и во уметност.

„Медена земја“ (Honeyland, 2019)

Има занаетски квалитетно направени документарци, кои третираат интересна приказна или значаен проблем, но кои не го преминуваат прагот на информативното. Она што ја прави разликата меѓу еден таков, и еден исклучителен филм, е важната одлука која треба да ја донесат нивните автори: дали ќе го соберат сиот мед за себе, или ќе остават половина за луѓето чија приказна ја раскажуваат.

Секоја страница од оваа книга е парче кашкавал

Се вика „20 парчиња“, дело е на уметник од Њујорк, и е точно она што го најавува нејзиниот наслов - тенко исечени парчиња кашкавал, онакви ко за на пица или за во сендвич. Навреда за книгите или добра финта?

Откритие на денот: жаломат

Има така денови кога сè на што наидуваме ни изгледа бесмислено за пишување и невредно за споделување. Ама оваа вест баш нè освежи.

Приказната за првиот филм режиран од слеп човек

Ваков филм би требало да привлече повеќе внимание отколку што тоа го направил „Бункер“. Работата е што никој не верувал дека Џозеф Монкс навистина го сработил. А овој вели дека го правел „со затворени очи“, водејќи се од сетилото за слух и довербата во актерите.

400 години Сирано: кој бил вистинскиот де Бержерак?

Бунтовник со голем нос, но и со широк и слободарски дух, кој бил многу пред своето време. За жал потиснат од она што од неговиот лик го направила книжевноста и популарната култура. 

Ѕвездички за родово неутрални именки во германскиот

Дер, ди, дас. Германскиот содржи именки од машки, женски и среден род и ним прилагодени придавки и заменки. Но по одлуката на Хановер да ја прифати „родовата ѕвездичка“ за нивно пишување на родово неутрален начин, едни се скандализирани, а други сметаат дека ова е реален одговор на укинувањето на традиционалните родови идентитети.

Првата режисерка во историјата номинирана за Оскар

Италијанската режисерка, на која денес малкумина се сеќаваат, го отворила патот за нејзините колешки кога во 1977 била номинирана за филмот „Седум убавици“.

Пит Таузенд од „Ху“ најавува дебитански роман

Насловот е „Доба на вознемиреност“ (Age of Anxiety), и претставува „медитација за манијакалните генијалци и мрачните страни на креативноста“.

Нетфликс ги откупи правата за „Сто години самотија“

Ремек делото на Маркес ќе биде снимено како серија и ќе претставува негова прва филмска адаптација.