Bookbox

Фројд уште во 1917 година зборувал за пресврти во науката што ја разнишале човечката самодоверба и ја релативизирале нашата „привилегирана“ позиција во светот. Секој од овие удари нè соочил со нови граници на нашата посебност. Денес, со развојот на вештачката интелигенција, многумина сметаат дека сме сведоци на уште еден таков удар – интелектуален – кој повторно го отвора прашањето за нашата улога и значење во светот.

Во 2025 нема недостаток на литература за самопомош и за тоа како треба да се живее среде модерните турбуленции. Но како и во повеќе области на човечкото живеење, можеби најдобра стратегија е да се види што од минатото го преживеало тестот на времето, затоа што на крајот на краиштата проблемите се истите, исто како и решенијата. 

Како Битлси наоѓале инспирација во авангардната класика

Во средината на 1960-тите, додека доминирале на топ-листите, правеле генерации тинејџерки да паѓаат во транс и биле постојана мета на медиумите, Битлси истовремено се запознавале и учеле од најсмелите и најзначајни композитори на класичната музика.

Дали минералната вода е „природна“ ако е филтрирана?: новото прашање што и не е толку ново

Неодамнешен скандал со филтрирањето на познатата вода „Перие“ потсети на тоа дека прашањето околу тоа дали минералната вода е природно-природна ако е „чепната“ постоеле уште пред неколку векови. 

Невротични мачки и хипноза за лажговци: 180 години од списанието „Сајентифик Американ“

Eдно време го добивавме на домашна адреса, иако со големо задоцнување. После стана достапно онлајн со претплата. Денес списанието за наука кое почнало да излегува во 1845 е најдолго издаваното во САД, со континуитет од век и плус 80 години. 

„Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова

Главен лик во овој дебитантски роман не е човек, туку место. Не зборува и не дише, па сепак, како огледало ги рефлектира копнежите и стравовите на оние кои престојуваат во него. Во случајов тоа е стан во неименувана градска населба. Но таквото место може да биде лоцирано насекаде. И во други луѓе. Дури и во самите нас.

Градот дизајниран во облик на глава од ирвас

Во Рованиеми, на работ на Арктичкиот круг, сè се врти околу неговиот најславен жител, Дедо Mраз. Она што од поплавата визуелни дразби туристите не го гледаат, е формата на самото гратче.

„Апсолутно за музиката: разговори со Сеиџи Озава“ од Харуки Мураками

За личен културен настан на годината го прогласувам мојот обновен интерес за класичната музика и сето она што тоа го повлече - нови пријателства со луѓе од оваа бранша, посетени концерти и изгледани едукативни видеа, и последно но не и најмалку значајно, прочитани книги на оваа тема. Две од нив е најдобро да се читаат една по друга - еве ја првата.

Изотип или обидот да се создаде универзален визуелен јазик

Неодамна пишувавме за „Солресол“ - вештачкиот јазик создаден од композитор од 19 век базиран на седумте слогови од западната музичка скала. Во редицата обиди да се создаде универзален јазик кој ќе ги надмине недоразбирањата кои ги создаваат оние поединечните, еве уште еден.

Година на бестселери со е*ење во насловот

До сега не сме сретнале нешто слично во македонското издаваштво. Но списоците на најдобро продавани книги на англиски во 2018 беа полни со *.

Кога медиумите со месеци ја пренесувале смртта на еден поет

Во декември 1891, Волт Витман се разболел. Репортерите на Њујорк Тајмс континуирано и со неверојатни детали известувале за состојбата на здравјето на омилениот американски поет, до неговата смрт, на 26 март 1892.

Уметноста е опасна по живот: срцев удар заради Ботичели

Неименуван 70-годишен посетител на галеријата Уфици во Фиренца пред неколку дена добил срцев напад стоејќи пред сликата „Раѓањето на Венера“. Ваквата интензивна реакција на уметност не е непозната. Си има и име.

Вежбање скромност како услов за човечност

Неодамна пишувавме дека човек не треба да се фрустрира од своите купови книги, затоа што тие се само потсетници на она што тој не го знае, односно поттикнувачи на неговата интелектуална понизност. И што ако највисокото постигнување во овој свет доаѓа токму од нашата свесност за сопствената ништожност, од која (парадоксално) треба да црпиме енергија за подобро и повеќе?

Не се срамете од натрупаните книги - тие ве потсетуваат колку не знаете

Во рубрикава до сега сме пишувале за „цундоку“, односно за трупањето книги, во негативен клуч. Со блага иронија сме ги спомнале и најголемите трупачи во историјата. Но сега да ја видиме и другата страна - зошто поседувањето голем број книги (кои не сте ги прочитале) може да биде добро?

Kласичната музика прави да трошиме повеќе

Шведска професорка порачува: музиката пуштена во продавниците и трговските центри може потсвесно да ја зголеми желбата за купување скапи работи. За среќа по нашите не го пуштаат Бетовен.

„Правда“ е збор на годината според Меријам-Вебстер

Изминатата година овој збор бил во првите 20-30 пребарувања на сајтот на издавачот на познатите речници на англиски јазик. Расна, социјална, економска - сите овие биле во центарот на американската (и не само американската) дебата.

Чувајте си ја лутината (корисна е)

Вообичаената мантра е - ако чуваш некој гнев или незадоволство во себе, тоа не е здраво и треба што побрзо да се надмине и заборави. Нова книга го тврди обратното: лутината е корисна, затоа што нуди морален компас и го крепи достоинството.

Жената чие тело ќе живее вечно

Сузан Потер го донирала своето тело на науката. Од тогаш тоа било замрзнато, пресечено со пила на четири дела, 27.000 пати сецкано и после секој рез фотографирано. Резултатот: виртуелен труп кој (буквално) ќе им зборува на студентите по медицина од гробот.

Кампања за читање во (наши) автобуси

Неодамна пишувавме за тоа зошто не е можно да се чита во скопскиот градски превоз, кукајќи над нашата транспортна судбина. Ама некој наместо да кука, се фатил за работа.

Фотографот кој ги визуелизира различните верзии на својата смрт

Секој со минимум способност за интроспекција си го поставува прашањето - и кога, но и како ќе заврши мојот живот? Сепак, ретко кој е доволно храбар тоа и да го визуелизира на начин на кој го прави овој фотограф.

Како да не остариш?

Вообичаеното визуелно претставување на некој кој (демек) не старее е по малку тажно: стари луѓе кои чекорат по патеки послани со жолто лисје, такви кои облечени во шорцеви и стегачи околу глава се мачат на траки за трчање или се обидуваат да рапуваат. Но има и друг начин да не те снеможи мислата на стареењето, вели Расел.

Првите тушеви во историјата не биле за хигиена туку за лечење ментални болести

Во 19 век студените тушеви и целодневните лежења во када биле сметани за најдобар начин за лечење и контролирање на ментално болните.

Еден ден во кожата на Александар Солженицин

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на големиот руски автор (11.12.1918, Кисловодск), една негова обожавателка решила да се обиде да живее како него, барем на 24 часа. Не било баш лесно.

Зошто е потребна Наука за сите?

Колку интернет страници на македонски знаете кои објавуваат квази-научни информации, полувистини па дури и здравствени совети кои всушност можат да ви го влошат здравјето? А колку сајтови на македонски знаете кои преку авторски текстови ви нудат издржана научна информација? Еве еден.

Најдобри книги за деца 2018

Изборот е од книги на англиски јазик, како идеја за нивно преведување, или за поттикнување на домашните автори повеќе да пишуваат за деца.

Неколку лоши вести за човечката природа

Во нова книга на когнитивниот невронаучник Кристијан Џарет, чии статии се појавуваат во Гардијан и Њу Сајнтист, се анализира едно многу старо, и многу базично прашање: дали луѓетo се во основа лоши или добри? Одговорот e можеби очекуван. Па сепак не ни се допаѓа, затоа што се однесува и на нас.

Најдобри книги за наука во 2018

„Најдобри“ можеби и не е најобјективна квалификација, но да речеме дека ова се научно-популарните книги кои изминатата година привлекоа најголемо внимание затоа што пишуваа за импликациите на нови откритија и експерименти, но и за до сега ретко истражувани аспекти од историјата на науката.

„Уште музика и муабети“ од Ненад Георгиевски

Во 2016 ја претставивме книгата „Музика и муабети: колекција музички интервјуа“ од Ненад Георгиевски. Две години подоцна излегува вториот том - „Уште музика и муабети“. За третиот, за кој сме сигурни дека има материјал, ќе треба да се смисли нешто повеќе од „уште“. „Поуште“?