Издавачката куќа „Полица“, која неодамна отвори нова книжарница, по тој повод почна кампања - Читање на екс. На седишта на автобуси на ЈСП, и тоа во броевите 2, 22, 5, 57 и 15, се поставени еден вид папки со извадоци од четири нивни изданија.
Кратките текстови, кои се намерно такви за да можат да се прочитаат додека се оди од станица до станица, се од „Преобразба“ на Кафка, автобиографијата „Јас, тајкунот“ на Мирослав Мишковиќ, детската книга „Како да снимиш филм“ од Радивоје Андриќ и „Допир од далечина - Иан Кертис и Џој дивижн“ од Дебора Кертис (која во Букбокс ја претставивме тука).
Првиот коментар на оваа идеја ни беше - баш нè интересира колку денови (часови?) ќе издржат папките без да бидат оштетени, скинати, исшкртани. Засега, велат од Полица, тие се држат, но ќе имаат „патроли“ кои по потреба ќе ги заменуваат. Бидејќи се поставени и во автобусот кој ние го користиме, ќе бидеме дел од тајните контролори, и од јавните читатели.