ЕТНОФФ - Фестивал на студентски етнолошки филмови бр. 4

На 15.12.2018 (сабота) од 10-17 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи четвртиот по ред Фестивал на студентски етнолошки филмови - ЕТНОФФ. Организатор е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕАД). 

На него ќе бидат прикажани 14 филмови од различни делови од светот (Исланд, Турција, Германија, Хрватска, Макао, Македонија и др.), на студенти по етнологија, антропологија, визуелни уметности и сродни дисциплини. Темите кои тие ги третираат се современи, ангажирани, но често пати и семејни и интимни. 

Вклучени се, меѓу другите, филмови за начинот на живот во едно португалско село, за секојдневните активности на одгледувачи на лубеници во Унгарија, за човек кој ја собира локалната музика во Турција за да ја спаси од заборав, за едно актерско семејство во Македонија, но и за една масовна видео игра и искуствата на четиринаесет играчи поврзани преку неа. После филмовите ќе има и кратки дискусии со присутните автори.

Влезот на проекциите е БЕСПЛАТЕН.

Фестивалот не е спонзориран од државни или други институции и фондации туку се организира врз основа на ентузијазам и љубов кон етнолошкиот филм.

Целата програма и фб настан

14 декември 2018 - 10:31