Bookbox

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Deppenapostroph е колоквијално име на интерпункциски знак кој не е карактеристичен за германскиот, туку долго време е користен како влијание на англискиот. Сега високо лингвистичко тело во Германија го одобри, откако сфати дека премногу се раширил за да може да се игнорира.

Дали ви се има случено „Тетрис“ ефект?

Кога сте толку многу и толку долго задлабочени во една работа, посветувате големо количество време, напор и концентрација, што тоа нешто почнува да ви доминира во мислите, соништата и другите искуства кои не се директно поврзани со активноста. E, тогаш може да кажете дека сте „тетрисирани“.

Од каде името „сапун“?

Неодамна присуствувавме на работилница за правење природен сапун, каде во воведот се спомна нешто на што никогаш не сме помислиле - од каде името на плочката што пени и меури?

Девојчето што беше киднапирано од амазонски племиња

Еден од најзначајните антрополози на 20 век е можеби жена за која ретко кој слушнал. На 11-годишна возраст била киднапирана од племето Јаномамо, земјоделци од Амазон, па така знаела за што зборува кога го опишувала нивниот живот. Сепак, никој од академската заедница не ѝ обрнал внимание, иако нејзините искуства можеле да исправат некои погрешни претстави и да ѝ овозможат поспокоен живот, откако еднаш избегала во „цивилизација“.

„Калвин и Хобс“ како инспирација за визуелна поезија

Тони Луис е голем фан на момчето Калвин и неговиот замислен другар, тигарчето Хобс. И тоа го покажува со бришење на цртежите од стрипот, и правење колажи од текстот, кој така станува негова автобиографија.

Зошто Дарвин носел брада?

Смртта на Стивен Хокинг ја актуелизираше темата на телесноста на славните личности, која кога се работи за научници и уметници често пати се става во втор план пред она што тие го напишале или кажале.

Како Стивен Хокинг се вгради во популарната култура

Еден од најславните физичари на светот, Хокинг почина на ден кој му доликува - на 14 март, роденденот на Ајнштајн, а според американската нотација на календарот 3/14, и денот на Пи. Имаше 76 години и, и покрај хендикепот, богата кариера, која не беше само научна.

Евтините романчиња преку кои младите Американци се описмениле

Во 19 век во САД стапката на писменост била ниска, а книгите биле луксуз. Но серии евтини романчиња, илустрирани списанија и весници полни со авантуристички приказни, како и со интерактивни елементи, направиле ваквите изданија да станат толку популарни, што нивните фанови одржувале дури и годишни собири. 

Така (не) зборуваше Ајнштајн

Оние чијшто придонес на социјалните мрежи се мери во валута „збор-алтан“ често знаат да пуштаат во етер цитати од Ајнштајн. Со негови мудри изреки почнуваат мотивациски говори, се печатат маици и се почнуваат книги. А тој кутриот можеби никогаш не го кажал тоа што му го припишуваме. Од каде ни е тогаш таа потреба?

Ќе почнеме ли да читаме книги со кациги за виртуелна реалност?

По ВР-гејмингот и ВР-порнографијата, следно ниво е преточување книги во виртуелна реалност. Може па е добар начин децата со интерес да ги „читаат“ лектирите.

„Мојата генерација“: сер Мајкл Кејн сними документарец за ’60-тите

„Е деца, у мое време..“. Кејн ги има и годините и харизмата за вака да ги почнува речениците. И реално да има што да раскаже. Оттаму и не е чудно што решил да сними филм на оваа тема.

„Дамите имаат предност“ (Ladies first, 2018)

Краток документарец чија премиера на Нетфликс се случи на 8 март, зборува за некогашната светска шампионка во стреличарство и нејзината неверојатно инспиративна приказна. Во која дамите немаат секогаш предност.

Вечната родителска дилема: колку е нормално дете да биде на телефон?

Не знаат да се изразат на македонски. Имаат концентрација на златни рипки. Не можат да издржат ни момент досада. Немоќни сме сосема да им забраниме, па смислуваме триста стратегии со кои ограничуваме или казнуваме. Има ли чаре, и за нив, и за нас?

Живееме во криза на допирот

Кај нас уште владее порелаксиран говор на телото, кој подразбира дека не е страшно ако држиш некого за надлактица додека му зборуваш, или ако некој те гушне а не сте нешто многу блиски. Дури и непознато дете да погалиш по глава (во присуство на родителот) може некако да пројде. Ама во други контексти сето ова предизвикува скандали. „Аман бе луѓе, допирајте се!“, советуваат психолозите, кои велат дека последиците од отсуство на човечки допир може да бидат погубни по менталното здравје.

15 најстрашни книги според Џордан Питерсон

„Голем број луѓе ме имаат прашано што да читаат за соодветно да се образуваат. Еве список книги кои имаат извршено големо влијание врз мојот интелектуален развој. Предупредување: ова се најстрашните книги кои ги имам прочитано“

Турбофолк: саундтракот на распадот на Југославија

Кај нас едно време беше тренди академски да се занимаваш со турбо-фолкот. Ама на странците, кои вообичаено знаат пред нос да ни „украдат“ егзотична тема, некогаш доцна им текнува. Неодамна ваква студија се појави од перо на германска новинарка.

9-годишното девојче што го сака Боуви

Кога детето ти слуша музика што и тебе ти се допаѓа ти доаѓа мило, дека си завршил работа како родител. Ама па истовремено ти е и некако шубе, дека нема со кого да си направи муабет на темата, затоа што неговите врсници не се баш по Кеш и Боуви. Затоа и се израдувавме на текстов. 

Вистинските протести инспирирани од „Три билборди“

Драмата која според многумина требаше да добие Оскар за најдобар филм наместо „детскиот“ „Облик на водата“ сепак има големо влијание и вон салите за доделување престижни филмски признанија. Така што билбордите станаа „тренди“ начин да се комуницираат политички и ангажирани пораки.

10 човечки заповеди за вештачката интелигенција

Досега, особено пред 8 март, МПЦ излегуваше со изјави за бракоодржувачката и репродуктивната улога на жената. Може ќе дојде ден кога некој од нив ќе треба да седи во парламентарна комисија за вештачка интелигенција, и да дава свое мислење за апликации од типот на Сири или за женски андроиди. Или да бидe заменет од робот коj место „амин“ ќе испушта само едно долго „биип!“?

Нова книга со до сега необјавувана поезија на Лу Рид

Книгата се вика „Дали на ангелите им треба потстрижување?“, а стиховите во неа се однесуваат на прашања поврзани со нацијата, сексот и вискито. Напишана е во 1970, откако Рид го напушти „Велвет андерграунд“.

„Homo Deus“ од Јувал Ноа Харари

Претходната книга на Харари од 2011, бестселерот „Сапиенс“, се однесуваше на 70.000 години човечко минато. Новата книга се надоврзува на она што човекот бил, опишува што тој е, и предвидува што ќе стане. Притоа, сосема е сеедно дали сценариото ни се допаѓа или не - тоа едноставно е неминовно.

Палеолитската Венера е премногу секси за Фејсбук

Славната 30.000 години стара (но држеча) Вилендрофска Венера е еден од најстарите уметнички артефакти, и културно наследство од непроценлива вредност. Сега таа може да се пофали со уште нешто - нејзина слика е цензурирана заради голите облини, кои богами ги има.

Пиење чај со кауза

Во Британија во 18 век (и не само тогаш) жените биле обвинети дека го трошат домашниот буџет на глупости, купувајќи порцелански чајници, и организирајќи чајанки за да си оговараат со пријателките. Овие го возвратиле ударот - го претвориле вообичаениот ритуал во политички чин, борејќи се против ропството. 

Професорката што предава за „Илијада“ во кафана

Ако некој ви каже дека славниот старогрчки еп личи на „Гејм оф тронс“, тоа веднаш звучи некако попримамливо отколку „куп стихови во хексаметар“. А па ако ви го претстави преку нешто што повеќе личи на актерски перформанс отколку на професорско предавање, е тогаш можеби ќе посакате и навистина да го прочитате. Барем неколку странички.

Прв соло албум на Дејвид Брн по 14 години

„Американска утопија“ се случил непланирано. Брајан Ино му пратил неколку снимки со тапани, Брн почнал да експериментира, и одеднаш добил десет нови песни. Реалист, но не и циник или песимист, тој и овој пат го истражува моментот во кој живееме, велејќи во една од песните: „Ние сме туристи во овој живот/Само туристи, ама глетката е фина“.

Дејвид Линч ве учи да чукате на тастатура

Развиена од Рајно сту продакшнс, „Дејвид Линч подучува куцање“ е игра која ви ветува дека откако еднаш ќе ја поминете во целост ќе станете волшебник на тастатурата. Ќути што знаевме да куцаме од претходно...

Бавна мисла: манифест

Ако „бавна храна“ беше реакција на „брзата“ и нездрава храна, сега движењето кое промовира да прикочиме, да се свртиме кон себе и кон блиските, и да се задлабочиме има нова и многу поважна цел - бавност на мислењето.

Kако големите букви станаа симбол за ДЕРЕЊЕ

„Нетикета“ или онлајн бонтон-от не се состои од правила врежани во хард диск. Дали емотикони се соодветни во формални мејлови? Дали треба баш секогаш на крајот од мејлот да ги додавате вашите податоци, иако оној од другата страна многу добро знае кој сте? Но како да има една работа што не трпи дискусија: КУЦАЊЕ СО КАПС ЛОК Е РАМНО НА ВИКАЊЕ. И НАВРЕДЛИВО Е!