Уметноста понекогаш е создавање, а понекогаш елиминација. Роберт Раушенберг на пример има избришано цртеж на Вилем де Кунинг создавајќи ново дело, базирано на отсуство на првото. Неколку графити на Банкси се префарбани, случајно или намерно, во текот на минатите десет години. А во нова поставка во музејот Смитсонијан под наслов „Тони Луис: антологија, 2014-2016“, 39 стрипови од славните Калвин и Хобс се избришани или избелени, а се оставени навидум случајни зборови и балончиња со дијалози.
Тони Луис е уметник од Чикаго, кој до сега се интересирал за спојот на цртежот и јазикот. Но во оваа серија тој има замаглено или покриено сè освен зборовите. Избришани се и прозорчињата од стрипот, а текстот е преместен и измешан, но така да прави една осмислена целина. Истите „етиди“ ги има објавено во книга со ограничен број копии.
Ова за него е начин да оддаде почит на „Калвин и Хобс“, стрипот на Бил Вотерсон за едно момче и неговото замислено другарче - тигар, поради влијанието кое тој го има извршено врз него како дете.
„Калвин и Хобс беше прв пат да се соочам со хумор и со уметност, и прв пат кога видов некаква цртана нарација - сè во едно. И тоа беше супер-заразно“, вели тој.
За да ја направи оваа изложба, односно книгата, тој на старо купувал по неколку копии од антологии со „Калвин и Хобс, а бришењето на цртежите го вршел со коректор или со графит, така за да добие заокружени целини. Како на пример: „Детството е засекогаш..., мразам кога не е така“.
Претходно: „Комплетните Калвин и Хобс“ од Бил Вотерсон (осврт)