Engrish е израз за благо кажано „необични" употреби на англискиот од страна на Азијци, кои во обидот да изговорат англиски збор голтаат понекоја буква. Предвидуваме: грешката која ја прави Корејкава скапо ќе кошта бројни нејзини сограѓанки, кога ќе посакаат да си купат Кока-кола на која и да е географска ширина на која се зборува, ако не добар - тогаш пристоен англиски.
Ама не ни е тоа поентата. Кога одговорот на прашањето „Имате ли к.." е да, таа на корејски јасно и гласно вели - „неее“! Бидејќи единствен нам познат јазик каде да е не е грчкиот, тоа повлекува куп лингвистички, културолошки и безалкохолни паралели помеѓу овие два народа, кои не ни знаеа дека се братски, сè додека не им улетавме, како посредници во уште неразгорениот спор околу правото на негација на афирмацијата.
Сеул и Атина, една луда Мара ги дели. Уште да се договорат за цената на тоа што Корејките го бараат, а Грците (можеби) го имаат.