- Повеќе од 40 години по премиерата на „Историја на светот, прв дел“, најавено е дека вториот дел ќе биде продуциран од Хулу, во вид на мини-серија од осум епизоди. Шоуто ќе го следи истиот формат како и филмот, пародизирајќи периоди од светската историја.
- Неколку потсетници и помалку познати факти за првиот, генијален дел. Во почетната сцена во која ја сведочиме муграта на нашиот вид се слуша баритон кој вели: „И мајмунот се издигна и стана човек“. Тој му припаѓа на Орсон Велс, а неговиот глас се слуша и на почетокот на останатите четири главни делови. Било договорено Брукс да му плаќа 5000 долари дневно, па му ги исплатил сите 25.000 одеднаш. Велс беспрекорно снимил сè за само неколку часа но одбил да ги врати дневниците. Кога бил запрашан на што ќе ги потроши рекол - кубански цигари и кавијар.
- Главниот пештерски човек (тој во сцената со измислувањето на музиката) го играл поранешниот шеф на Мел Брукс, легендарниот Сид Сизар, кого Брукс го сметал за свој ментор. Антологиската сцена пак со Мојсие и плочките со 15...10 смртни гревови е снимена речиси случајно. Откако бил завршен предисторискиот дел, Брукс се загледал во сценографијата која требало да асоцира на камено доба и се сетил дека наместо да го скокне Светото писмо и веднаш да почне со Рим може да ја искористи позадината за библиските заповеди.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.