Bookbox

Научниците што го развија лекот Трикафта ја добија најголемата финансиска награда за наука во светот за 2023

Триото американски научници кое го креираше лекот кој може да го спаси животот на болните од цистична фиброза доби една од петте „Брејктру“ награди за оваа година. Таа се доделува за достигнувања во биолошките науки, физиката и математиката и тежи 3 милиони американски долари. 

Следната книга на нобеловецот Ишигуро е збирка стихови за џез песни

„Изградив репутација на прозен автор, но почнав со пишување песни“, вели Ишигуро, добитникот на Букер и Нобел. Жената за чии џез изведби пишувал стихови се вика Стејси Кент.

Шетање куче, решавање крстозбори: креативните начини на кои холивудските ѕвезди собираат донации за време на штрајкот

За добра сума (засега од 1-2000 долари) можете да добиете едно од „искуствата“ кои се нудат во знак на поддршка на штрајкот на холивудските работници кои во моментов немаат примања и здравствено осигурување. Помеѓу понудите е познат актер да ви нацрта мурал дома или да ви го прошета кучето.

Зошто козите имаат толку чудни очи?

Ако некогаш сте се нашле очи в очи со коза, знаете за што зборуваме. Нивните хоризонтални и правоаголни зеници се како на вонземјани, во споредба со оние на луѓето или на кучињата. Зошто изгледаат така?

Лудата теорија дека средниот век никогаш не се случил

Како би реагирале на веста дека во моментов живееме не во 2023-та, туку во 1725-та? Некои веруваат дека средовековната елита додала цели три векови на системот на датирање, истовремено лажирајќи историски докази за тоа да изгледа автентично. 

Букбокс интервју со Слободан Шијан: „Не сум како Ноле, не ги сакам натпреварите“

На 17.09 (недела) во Скопје започнува 11-тото издание на фестивалот Про-за Балкан. Помеѓу бројните интересни учесници е и режисерот на култните „Ко то тамо пева“ и „Маратонци...“ и автор на неколку книги кои повторно се вртат околу филмот. Во ова интервју тој зборува и за проектите кои се во тек, но и за таквите кои изгледа ќе останат неснимени, како и за својот однос кон сопственото дело, околу кое како што вели често се крева(ла) непотребна хистерија. 

Затвореници тренираат вештачка интелигенција

Ако пред очи ви дојде слика на стриповските браќа Далтони врзани со синџир и кугла на нозете, како дробат камен со големи чекани, сега истата ќе треба да ја апдејтирате. Браќата Далтони со лаптопи пред себе, како вршат општествено корисна работа „хранејќи“ ја вештачката интелигенција со своја.

Не бива филозоф без перика

Имал импресивен интелект, но не бил благословен со исто такво тело. Готфрид Вилхелм Лајбниц бил ќелав, низок и со не многу привлечни црти на лицето. Но за разлика од голем број негови колеги, бил многу практичен, па вложувал во својот изглед, на тој начин промовирајќи ја и својата филозофија.

Вин Маријани: виното со кокаин во кое уживале папи и претседатели

Ние наивните нека си пиеме мохита и апероли. Не залудно се вика - во виното е вистината. А особено во ова вино со специфичен „бустер“, кој сигурно би додал малку повеќе дионизиска радост во прославата на св. Трифун. 

Што ако Робинзон Крусо беше девојче?

Векови по објавувањето на книгата на Даниел Дефо во 1719, приказните за преживеани од бродолом биле толку чести што станале посебен жанр познат како „робинзонади“. Типично тие вклучувале мажи или моммчиња, сами или во групи. Требало да дојде 1986 за Куци да напише ваква робинзонада во која жените не играле споредна улога. Сепак, и претходно имало и исклучоци, кои нуделе поинакви идеи за родот и империјата во 19-вековна Англија.

Апсурдноста на концептот на авторско право на банана залепена за ѕид

Дали реална банана залепена за ѕид може да биде заштитена со авторско право? А дали би можело да се каже дека авторот на оваа банана го копирал делото на друг уметник, кој исто така залепил банана, овој пат пластична, на зелен картон, и на тој начин му го нарушил авторското право?

Со рацете в џеб: историја на еден моден детал

Нова книга на Хана Карлсон ги превртува џебовите одвнатре, а од нив почнуваат да се тркалаат монети, часовници, пиштоли и со векови стара социјална и политичка историја. 

Која беше првата серија продуцирана од Нетфликс?

Да речеме дека сте ја гледале „Сопранови“ и ви е скапоцен камен во круната која ја сочинуваат сите серии на сите времиња. И да речеме дека омилен лик ви бил Силвио Данте, оној со вечно намрштената фаца со талент на имитирање ликови од „Кум“. Е сега замислете серија после оваа во која тој игра поранешен мафијаш. Ама во Норвешка. Или не сте ја гледале, или сте сакале да ја заборавите. 

Дали навистина македонските библиотеки „изгубиле“ 80% од корисниците?: по трагата на една вест

Една статија објавена денес, а врз основа на податоци од Државниот завод за статистика, малку нè замисли. Понекогаш и не е потребно кој знае какво познавање на бројки и проценти, туку интуиција, комбинирана со реално искуство на чести посети на локалната библиотека, кои велат - со оглед на намалувањето на животниот стандард и неодамнешната пандемија, бројот на корисници на библиотеките (во светот па и кај нас) би требало да е пораснат, а не намален. Нешто како да не штима...

Kaкво е тоа „ирско заминување“?

Ви се случило ли (нам постојано) да сакате да напуштите некој настан каде има многу луѓе - прослава, детски роденден, дури и свадба - без да се поздравите, бидејќи тоа би ви заштедило време и енергија, а на домаќините љубезен напор да ве убедат да останете уште малку? За ова имало и име, па сега знаеме за што можат да ни се налутат.

Како научници кои работеле на Антарктикот несакајќи развиле непостоечки дијалект

Замислете дека сте дел од група заглавена во ледената дивина на Антарктикот, изолирана од останатиот свет. Од овие луѓе може да се очекува со тек на време да развијат своја „култура“, но дали тоа значи дека истото би се однесувало и на нов акцент или „дијалект“?

Kaко авторот на „Автостоперски водич“ го предвиде подемот на е-книгите

Во досега необјавени белешки кои ќе се најдат во нова книга, Даглас Адамс пред три децении го предвидел подемот на технологијата која денес ја земаме здраво за готово.

Зошто славиме со балони?

Ги има на детски (а и не само детски) родендени. На корпорациски „ивенти“. На отворање на дуќани, на свадби, крштевки. Во реклами кои треба да доловат слобода и игривост. Од каде овој обичај?

Филмовите за кои најмногу се зборува на 80-тиот Венецијански филмски фестивал

Фестивалот се отвори во средата (30.08) во невообичаено тивка атмосфера поради двата тековни холивудски штрајка. Неизвесноста околу тоа кои ѕвезди ќе се појават и кои филмови ќе влезат во финалната програма се споредува со онаа од времето на пандемијата. Но филмови има, и меѓу нив и такви кои ветуваат. 

Најстариот ресторан на светот работи непрекинато цели 300 години

Се вика ресторан Ботин и се наоѓа во Мадрид, Шпанија. Не е препорачлив за вегетаријанци, бидејќи е најпознат по „олд скул“ рецепти кои вклучуваат печено прасе бавно крчкано во печка која не е изгасена од 1725-та.

Почна годишното пребројување на 14.000 животни во лондонската зоолошка

Од највисоката жирафа до најситниот полноглавец - мерењата кои се прават секоја година во Лондонската зоолошка (и не само таму) се важна витална статистика за секое животно, но помага и во споредување на податоците помеѓу повеќе зоолошки во Британија.

Може едно аперолче?: кратка историја на популарниот аперитив

Ова лето аперол шприц-от може да се види на шанкови и кафански маси насекаде низ светот. Но за Венецијанците ова е изненадување - како една пијачка која до пред две децении можела да се најде само во скромни таверни и барови го освоила светот?

Подземната трговија со најдобрата ванила во светот

„Ванила“ во англискиот се користи за нешто стандардно, невозбудливо, обично. Но приказната за трговијата со овој зачин во Мексико е многу поинаква, додавајќи горчливи тонови на убавата ванила. Нешто на што можеби ќе помислите следниот пат кога ќе ја ставате во колачи, особено ако е од онаа „вистинската“.

Славни научници и изумители кои не ги бивало за математика

Стереотипот е следен - ако си по природните науки и технологијата, тогаш мора да си добар и во математика. Но Томас Едисон, Чарлс Дарвин и други генијални научни умови мака мачеле со неа. Мала утеха за некои од нас, математички неписмените.