Bookbox

Да се разбереме, ова не е идеја: најромантичниот подарок во 18 век бил срце на починатиот љубовник

Не мора да знаете дека е 14 февруари, тука се зацрвенетите излози полни плишани, чоколадни и цветни срциња за да ве потсетат на тоа. Може ќе бидете помеѓу среќните што денес ќе добие барем срце-емоџи во поракa. Ама вистинско човечко срце во урна?

Најавената февруарска апокалипса која никогаш не се случила

Има така бранови на предапокалиптични чувства кои го зафаќаат секој нормален човек кој живее во ненормална земја и времиња. Ама оваа катастрофа за која станува збор не требало да биде метафорична, туку вистинска. 16 век, Европа, најава за голема поплава.

Кој прв рекол „Перото е посилно од мечот?“

Значењето на познатата изрека некогаш можеби било дека она што може да се реши со збор, на цивилизиран начин, не мора да се решава со „примитивно“ насилство. Но таа, особено денес, може да се сфати и обратно - дека пишаниот збор на корумпираните политичари, лажните вести и токсичните фејсбук постови можат да направат и поголема штета од површна рана нанесена со студено оружје. 

450 години старо мастило и пурпурна боја направена од полжави - најскапите сликарски производи на светот

Maстилото за калиграфија се продава во цврста форма. Потребни се цели четири години за „зреење“ на една таква плочка од 200 грама, чија цена може да достигне до 2000 долари. За споредба, двојно количество евтино мастило од Индија чини 9 долари. Но понекогаш има зошто она што е скапо е такво.

„Гризелда“: вистинската приказна за „кумата на кокаинот“

Нова мини-серија во шест продолженија на Нетфликс го опишува подемот и падот на Гризелда Бланко, за која Пабло Ескобар има изјавено:„Единствениот човек од кого се плашам е жена“.

Спајк Ли и Дензел Вашингтон ќе прават римејк на Куросава

Дуото кое последен пат работеше заедно на „Инсајдер“ од 2006, ќе ја адаптира криминалистичката драма „Рај и пекол“ oд 1963 за Епл ТВ. 

Компјутер во секоја кујна во...1969-та

Едно од прашањата со кои се занимавале компјутерските инженери од крајот на 60-тите било како да се направат компјутери за различни области од животот - бизнисот, индустријата, но и за домот. Еден пример за последново се води како неуспешен. Ама можеби тоа и не било баш така.

Кога авторот на „Петар Пан“ се обидувал да се откаже од пушење

Пред да го напише своето најславно дело, Џ.М. Бари одлучил дека треба да порасне и да ги фрли цигарите. За да успее во оваа тешка задача морал да напише цела книга, под наслов „Мојата Лејди Никотин: истражување на пушењето“. 

Ник Кејв и Ворен Елис ја прават музиката за биографскиoт филм за Ејми Вајнхаус

Комбинацијата на прва звучи необично, но режисерката на новиот биографски филм за Ејми тврди дека Ник и Ворен создале длабока и трогателна музика која одлично ја доловува судбината на пејачката која почина на само 27 години. 

Кој го поседува кралското тело?

Јавниот интерес за здравјето на монарсите во себе крие анксиозност кај јавноста поврзана со нивната способност да владеат, но истовремено може да е потсвесен страв дека владеаните би можеле да останат без господар.

Дупки во карпи во Кенија се од древна друштвена игра?

Археолог смета дека малите вдлабнатини биле користени од кениските сточари за играње „Менкала“ пред 5000 години. Интересно е што на истото место се пронајдени и траги од острење ножеви, што можеби значи дека додека играле, луѓето си правеле и скара (траги од пиво немало, ама можеме да го замислиме).

Луѓето што 40 години анимираaт филм по расказ на Гогољ

Достоевски има изјавено: „Сите ние излеговме од под шинелот на Гогољ“. Расказот на овој руски автор за ситниот службеник Акакиј кој има само еден сон - да си купи ново палто. Можеби баш и не е некој интересен заплет како за анимиран филм, ама овие луѓе решиле дека ќе го прават и ќе го прават како што треба.

Што се тоа „картели за цитираност“ и како тие влијаат врз рангирањето во науката?

Оние кои никогаш не се занимавале со наука можеби имаат впечаток дека тоа е поле каде нештата се утописки чисти од измами (бидејќи нели 2 и 2 мора да се 4...), транспарентни и софистицирани. Е, ама и овие луѓе се борат да преживеат, а бидејќи се интелигентни ги бива за манипулација, особено, нели, со бројки.

Историските мистерии кои ја имаат инспирирано четвртата сезона на „Вистински детектив“

И во претходните, одлични сезони на „Вистински детектив“ на ХБО имало окултни елементи, вуду и мистерии. Ама четвртата сезона, чија премиера се случи на 14 јануари 2024, односно во досега емитуваните три епизоди, изгледа оди чекор понатаму во тину-нину-то.

Англискиот станува сè полежерен

Некои од традиционалните начини на говорење на британскиот англиски изумираат - покажува анализа на повеќе од 100 милиони зборови. Иако студијата се однесува на овој јазик, се обложуваме дека важи и за голем број други, секако и на македонскиот. 

Секој со своето лудило: дочекавме уште една нота од делото на Џон Кејџ чија изведба ќе трае уште 616 години

Денес вратите на црквата св. Бурхарди во германскиот град Халберштад се отвораат за специфично музичко искуство - изведба на само една нота од најдолгото музичко дело во историјата. 

Мистеријата на големиот бран на Хокусаи

Сликата сигурно сте ја виделе, репродуцирана на сè, од шољи за кафе, маици, тефтери, сложувалки - слично како европската „Мона Лиза“ или „Бакнежот“ на Климт. Но што точно претставува прикажаната сцена, а не го гледаме?

Лори Андерсон веќе нема да предава на германски универзитет поради нејзината поддршка на Палестина

Музичарката, режисерка и некогашна сопруга на Лу Рид мораше да се повлече од местото предавач на универзитетот Фолкванг во Есен, откако нејзините надредени ѝ замериле за поддршката што ја дала уште во 2021 на палестински уметници и на палестинската кауза.

Најреткиот пасош на светот

Суверениот воен ред на Малта, попознат како Витезите од Малта, е католички религиозен ред, од воена, витешка и хуманитарна природа. Иако не поседува територија, меѓународното право го смета за суверен ентитет, и оттаму има и свој пасош.

15 филии и што значат

Педофилија, некрофилија, клептофилија се само некои од бизарните страсти означени со во суштина убавиот суфикс „филија“. Но освен овие попознатите, има и некои уште почудни.

Не ти треба мозок за да бидеш интелигентен

Последниве 2-3 години во релевантни научно-популарни списанија периодично се појавуваат статии во врска со амеби и слични едноклеточни организми за кои се тврди дека се способни за комплексно решавање проблеми, мислење и донесување одлуки. Звучи како добра метафора за човечки „амеби“ со посебни дарби, но лигави габи што донесуваат одлуки, да не е малку претерано?

Како пристигнало пивото во Азија?

Луѓето низ светот со милениуми си олеснуваат на душата со различни алкохоли. Но пивото најпрвин било европска работа, сè додека колонијалистите и патниците не ги однеле своите пива и своите пивски стомаци преку океаните. 

Стрв, зајаци и вештерки: бизарните објаснувања за потеклото на телесните белези

Се проценува дека околу 10% од бебињата се раѓаат со некој вид телесен белег, кој може да биде „рељефен“ или мазен, црвен или кафен, голем или мал. И денес науката нема секогаш прецизно објаснување за нивниот настанок, но затоа пак фолклорот на различни народи е полн со нив. 

Вистинската причина зошто Боб Дилан ја доби Нобеловата за литература

Во 2016, откако долго време неговото име беше споменувано во тој контекст, Дилан конечно ја доби Нобеловата за литература за тоа што создал „нови поетски изрази во рамки на големата американска песнопојна традиција“. Маргарет Атвуд имаше теорија зошто му била доделена токму нему, и токму тогаш.