Bookbox

Букбокс гледаше: „Најважната ноќ во поп музиката“ (2024)

Ако во 80-тите сте биле на возраст да го памтите настанот за којшто станува збор (значи, доколку сте стари), тогаш документарецов ќе ви дојде ко оние бонбони со кафе, Кавабон, што ги имаше на времето - слатки и малку горчливи. Ако сте од младите, немојте да пропуштите да видите како изгледало нешто што денес би можело да се постигне единствено со холограми и вештачка интелигенција. 

Кои биле Ленон и Мекартни на 17-тиот век?

Кога ќе ги видиме денешните топ листи, среќни сме ако препознаеме барем некои од изведувачите и насловите. Можеби на некои од вас исто така подобро ќе им оди со оние од пред повеќе векови, кои зборуваат за пирати, кралеви и киднапери.

Можете ли да прочитате 1200 зборови во минута?

Звучи како урбана легенда, но велат дека поранешниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, читал со брзина четири пати поголема од просечната. Не дека некаде ни се брза, ама понекогаш би сакале да можеме да бидеме толку ефикасни. 

Содржината генерирана од вештачка интелигенција ја зголемува вредноста на довербата

Можеби звучи контраинтуитивно - дека недовербата во машините би можела да зголеми доверба во луѓе, за кои генерално се знае дека не се баш за верување. Но кој постирал нешто наскоро ќе значи повеќе отколку што е тоа што е постирано. 

Позлатената вилица на Черчил што му помагала да надмине говорна маана

Го знаеме како премиер, писател-нобеловец, љубител на добрата капка, но и како еден од најголемите оратори на сите времиња, и покрај тоа што уште како дете „ш'шкал“. За да не му се случи тоа додека ги држел најзначајните говори во државничката кариера, тој си ставал лажна вилица. 

„Светот во пламен“ - првиот научно-фантастичен роман напишан од жена

Научната фантастика долго време е сметана за главно „машки“ жанр книжевност, а малиот број дела напишани од жени добиваат посебно внимание. Но доколку се вратиме назад до средината на 17век, тука ќе го најдеме името и делото на Маргарет Кавендиш.

Светот гори, ама види колку е слатко мачево!

Од мемиња со мачки сликани во викторијански стил, преку монтажа на Хитлер како гали елен, до големооки манга ликови, нова изложба која се отвора денес, 25.1., во Лондон ја прикажува понекогаш бизарната моќ на „слаткоста“.

Кој ја поседува оваа реченица?

Нова книга се занимава со минатото и иднината на авторските права. Дали тие им се од корист на креаторите или создаваат нееднаквост, тоа зависи кому му е поставено прашањето.

Кога стана крал, кога објави книга

Три дена откако стана крал на Данска, Фредерик Десетти неочекувано објави книга, која пак очекувано веднаш стана бестселер. Во неа дискутира политички но и поинтимни теми, како своето детство, односот со починатиот татко и тоа дека жена му, по потекло Австралијка, во расправии не му попушта на кралот. 

Како го лекувале ракот во древна Грција?

Иако првиот случај на рак бил регистриран во Египет 1600 години пред нашата ера, токму древниот лекар Хипократ, таткото на медицината, ја идентификувал и прв ја именувал болеста која до денес го мачи човештвото.

Сталоне и Вини Пу водат во номинациите за Златна малина

Повеќе од 40 години, Златната малина се доделува на филмови кои инаку би биле игнорирани и од останатите „вистински“ награди, а често пати и од публиката. Минатата година изгледа беше добра токму за ваквите холивудски филмови.

Најочекуваните нови музеи во 2024-та

Оваа година низ светот се очекува да се отворат нови интересни институции посветени на астрономија, жени-уметници и на Нинтендо. Заедничко за сите нив е дека музеите се многу повеќе од само објекти со поставки - тие се наменети за образование, забава и искуства во кои посетителите се втопуваат со сите сетила. 

Лимитаријанизам или зошто никој не смее да има повеќе од 10 милиони евра

Во својата нова книга, холандскиот политички филозоф Ингрид Робејнс нуди план за дејствување во три точки со кој би се излегло на крај со екстремната концентрација на богатство и би се намалила нееднаквоста. Нејзината генерална идеја е - кога се во прашање парите, многу арно не е на арно, за сите.

Наркотопија: автономната територија што се финансира од трговија со дрога

Со сопствена армија, покраината Ва е голема колку Холандија, но не е позната по „трева“, туку по многу посилни дроги кои ѝ овозможуваат да е де факто независна држава. Нејзиното постоење меѓу другото се должи на грешките, а во некои случаи и поддршката кои овие босови ја имаат добивано од американските власти.

Приказната за единствената жена во редовите на јапонските јакузи

Мако Нишимура e ситна жена која денес има околу 60 години, со нежно лице и долга брановидна коса. Сепак, таа не е традиционална Јапонка - тетовирана е до вратот и долж рацете, а ѝ недостасува и мал прст на ракта. Сите тие се знаци дека припаѓа на јакузите -озлогласената мафија, во која вообичаено нема жени.

Кога сто мачки го презеле Британскиот музеј

Неколку мачки во музејот уште од 19 век имале повластена работна позиција која вклучувала плата во пари, но и здравствена грижа и топол оброк. До моментот кога по Втората светска војна нивниот број толку се зголемил што работата станала сериозна. 

Колку треба да бидат вистинити биографските филмови?

Лиза Мари Присли била бесна откако го видела филмот на Софија Копола, кој го прикажува животот на нејзииното семејство. Вистинските ликови зад драмата „Мај декември“ исто така немале баш пофални зборови за истиот. Иако се готов извор на супер приказни, биографиите знаат да бидат ризични за екранизација.

Единствениот човек на светот со колекција постери од загубени миленици

Дон Болс, чиј прекар е Китен Спарклс, е музичар од Лос Анѓелес кој станал познат во 1970-тите како тапанар на пан-бендот Џрмс. Но едно негово хоби е необично, иако тој вели дека е и „морално сомнително“.

Малихерки и берданки: пазарот со оружје во 19 век

Во доцниот 19 век, поттикната од дезинтеграцијата на Отоманската империја, европската трка за вооружување создала глобален вишок оружје. Како да се реши тоа? Па да се продаде, „три за сто“, на легален, полулегален и скроз нелегален начин. Македонските револуционери многу добро го знаеле ова.

Кијану Ривс објавува роман во соработка со Чајна Миевил (и на лето ќе свири во Србија)

Станува збор за новa историско-фантастична книга на актерот, кој е „спин-оф“ на неговата серија од 12 стрипови под наслов „БРЗРКР“. Повторно главен лик е бесмртниот херој Берзеркер, но против кого овој пат ќе се бори останува да видиме. 

Прво „паметно“ огледало за ментална благосостојба

Од 1967 во САД се организира годишен трговски Саем за потрошувачка технологија (Consumer Electronics Show, CES), кој оваа година се одржа во Невада од 9-12 јануари. Некои од пронајдоците најавуваат што ќе се случува на технолошко-социјален план не само во годината што е пред нас, туку и во следните години. Еден од нив посебно ни треба.

Јапонската новогодишна супа што е опасна по живот

Јапонците со радост ја дочекуваат Новата година со различни адети, меѓу кои и подготовка на посебно јадење, наречено озони. Во него има едно вкусно оризово тесто чие тегнење треба да симболизира долг живот. Иронично, ама тоа често предизвикува гушење, особено кај постари луѓе. 

Геометријата на нашите односи со другите луѓе

Некои од нашите пријатели ни се „блиски“. Други ни се „далечни“. Но ваквите просторни описи на нашиот социјален живот се повеќе од само метафори. Tие не само што го отсликуваат нашето конципирање на просторот, туку и обратно, можат да послужат за тој да стане похуман.

Наполеон сакал небањати?

Малку е неправедно кога си бил освојувач, цар, социјален реформатор, основач на првата централна банка и еден од најславните војсководци на сите времиња, луѓето да се бават со твоите сексуални преференци, и притоа да утнат. Ама па, славата си има свој данок.