Bookbox

Сајт кој овозможува да си направите своја амбиентална „врева“

Сакате да блокирате звук на бучни колеги или на што и да е што ви одзема внимание од работата, или да си направите фина, релаксирачка атмосфера? Популарен избор е тн. „бела врева“ (звуци кои фрекфенции кои луѓето можат да ги слушнат, „сплотени“ на иста висина на тон). Но еден сајт нуди и покреативни комбинации.

Џим Џармуш на 70 објавува дебитантски албум

Филмскиот херој на голем број генерации вели дека филмската индустрија е мртва и се свртува кон нешто што всушност и отсекогаш му било љубов - музиката, подмножество „дрон рок“.

Што нема да гледаме: едночасовно шоу со Џорџ Карлин генерирано со ВИ

„Ниедна машина нема да ја замени неговата генијалност“, изјави ќерката на комичарот и остар социјален критичар Карлин, повеќе од 15 години по неговата смрт, откако неодамна осамна негово шоу генерирано од вештачка интелигенција. И на невидено ќе се согласевме, а на (дури и малку) видено уште повеќе.

Тажната приказна за актерката што ѝ го позајмила гласот на Снежана во славниот цртан на Дизни

Ако сте растеле со цртаните со Дизни, сигурно се сеќавате на милниот глас на Снежана во истоимениот цртан филм со седумте џуџиња. Би било некако логично актерката која ѝ го позајмила гласот да е славна, а нејзиното име да е влезено во историјата на филмот. Ама за разлика од бајките, во реалноста не секогаш нештата завршуваат среќно.

Конечно дешифриран мистериозен текст најден во свилен фустан од 19 век

Пред 10 години, археолог и колекционер на стари фустани пронашла две оштетени парчиња хартија во скришен џеб на фустан кој датира од средината на 1880-тите. Мистериозната порака која претходно звучеше како да излегла од „Сомнително лице“ на Нушиќ, сега е декодирана.

Kaко лубениците станаа симбол на солидарноста со Палестина

Како реакција на актуелната војна помеѓу Израел и Палестина и различните дебати поврзани со неа, луѓето користат слики од лубеници за да искажат поддршка со Палестинците. Зошто токму лубеница?

„Хауг!“: измислениот индијанско-англиски во холивудските филмови

Рано утрово, 8.1., на доделувањето на Златните глобус, Лили Гледстоун ја доби наградата за најдобра актерка во драма за „Убијци на цветната месечина“. Со тоа влезе во историјата како првиот домородно американски актер кој го добива престижното признание. Говорот го започна на јазикот на нејзиното родно племе, Блекфит. И не пропушти да ги спомне јазичните стереотипи кои долго време важеле во холивудската продукција во портретирањето на овие народи.

Книгата што се продавала по 1000 примероци неделно во - 1903-та!

На преминот од 19 во 20 век најбарана книга во американските библиотеки не била некоја класика, туку роман на британска авторка, во која девојка со нежна природа се бунтува против социјалните стеги. Kритичарите ја опишале како површна, но продажбата одела како луда и од авторката направила милионер.

Реиздаден најдобриот џез концерт на сите времиња на кој Чарли Паркер од зорт свирел на пластичен саксофон 

Пред повеќе од 70 години, Чарли „Брд“ Паркер свирел со четворица легендарни колеги, последен пат на исто место и во исто време. Инструментот бил скромен пластичен саксофон, но не поради финта, туку затоа што претходно морал да го заложи својот. 

Букбокс гледаше: „Божикните сирачиња“ (The Holdovers, 2023)

Новиот филм на Александар Пејн со ѕвездата на еден од неговите најдобри филмови, „Скршнувања“ (Sideways), како да е излезен од некоја друга ера. Иако сниман среде студенилото на интернат напуштен поради божикните празници, тој зрачи со топлина и човечност, без да биде патетичен.

Расел Кроу тврди дека е потомок на последниот човек егзекутиран со отсекување глава во Англија

Славниот актер вели дека истражувајќи го своето потекло, сфатил дека е роднина со 11-тиот лорд Ловат, кој умрел (поточно бил убиен) во Лондонската кула во 1747. Со неговиот лик и дело е поврзан и еден идиом во англискиот јазик, а има врска со громогласно смеење, до толку што притоа можеш да ја загубиш и главата. 

Мозоците ни бараат линеарна приказна

Драматурзите, сценаристите, писателите, режисерите, сите тие може да си играат со оските на времето за да создадат „интересно“, односно драмски ефект. Но колку и да е временски испретумбана приказната, ние вложуваме напор да ја подредуваме, за да ја разбереме и за да можеме да ги предвидиме следните настани. 

Врил-Ја Базар - претходникот на денешните Комик-кон собири

Неговиот организатор на времето банкротирал, медиумите го прогласиле за неуспех, но необичниот настан од викторијанската ера ги поставил основите за светските собири на тема костими и научна фантастика.

Букбокс гледаше: „Сценарио од соништата“ (2023)

Здодевниот академски живот на еден професор по еволутивна биологија буквално преку ноќ ќе се промени, кога милиони луѓе ќе почнат да го сонуваат - сценарио за коешто никогаш не сонувал и кое нема да му донесе ништо добро.

Од Ружди до Стивен Кинг: книги што се очекуваат во 2024-та

Од мемоари на славните, преку нови дела на извиканите големи автори до интересни романи на дебитанти, годината во која тукушто влеговме изгледа како да ветува кога се во прашање нови книжевни изданија.

„Инфлуенсерката“ на која ѝ бил посветен валцерот „Виенски слатки“ на Штраус

Во традиционалниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија може да се ужива и како во аудио позадина на првојануарското будење, без навлегување во детали. Но зад секоја композиција на променливиот репертоар има интересна приказна. Оваа има врска со благца, но и со една моќна жена, која е најслатката во приказната.

Како за крај на годината - параболата на втората стрела

Во 2023-та доживеавте неубави настани, загубивте некој близок, донесовте погрешни одлуки или просто не успеавте во она што го планиравте? Тоа ви беше првата стрела. Она на што треба да внимавате е онаа втората. 

Хе-хе: Сорбона од 2024-та ќе користи отворена истражувачка платформа

„Радикалната одлука“ на парискиот универзитет да се придружи на платформата OpenAlex е шамар за комерцијалните научни списанија и дата-бази на знаење. Штом може Сорбона, зошто не би можеле сите?

Во Лондон се отвори музеј на балони

Интерактивната изложба вклучува огромно игралиште со балони, џиновски надуени зајаци и посебни кабини во кои можетe да позирате за инстаграм фотки. Цената на билет - отров.

Tиромантија или предвидување на иднината со - кашкавал

Пред некое време почнавме со серија „гледања“ на необични нешта. Прво со јајца, сега со кашкавал. До крајот на годината може ќе собереме доволно за гледање во руска. 

Кога нешто не е точно, ама дури не е ни погрешно

Најострата критика во однос на вистинитоста на некоја теорија или коректноста на некоја идеја не е дека тие се погрешни. Туку дека зборот „погрешно“ просто не е применлив во нивниот случај.

Колку книги ќе прочитаме до умирачка?

Можеби се уште не сте дојдени до таму, но прашањето што да се чита следно на одредена возраст нема врска само со изборот на жанр или автор, туку и со нешто многу подлабоко - времето се тенчи и ваквата одлука е многу посериозна отколку што изгледа на прв поглед.

Книги кои ќе бидат преточени во филмови и серии во 2024-та

Романите, а понекогаш и другите книжевни жанрови, се инспирација за нови филмови и ТВ серии. Што е секако подобро отколку таквата „инспирација“ да доаѓа од вештачка интелигенција. 

Најдобриот џез божикен албум на сите времиња

Ментален штит среде скопските сообраќајни гужви ако го пуштите на гласно, аудио лексилиумче за душа - во „Божикната прослава на Чарли Браун“, саундтрак на истоимениот цртан филм од пред 58 години, ќе го најдете ова, и многу повеќе.