Bookbox

Повлечена научна статија со илустрација на посебно „надарен“ глушец генерирана од ВИ

Научно списание со отворен пристап деновиве е предмет на исмевање на социјалните мрежи откако објавило нешто што изгледа како мала шега на вештачка интелигенција, или влажен сон на група глувчици. 

Букбокс гледаше: „Наставничка канцеларија“ (2023)

Филм во кој секоја сцена е снимена во ентериер на јавна институција, во случајов на средно училиште, што само по себе предизвикува клаустрофобија. Таа е дополнително нагласена кога приказната ќе нè затвори уште два пати - прв пат кога низа настани ќе почнат да ја заситуваат атмосферата до степен на пукање. И вториот, кога ќе сфатиме дека она што се случува внатре е само одраз на истото она што се случува вон ѕидовите на тн. „безбеден простор“.

Репортажа од Галапагос - наш човек по стапките на Дарвин

За биолозите, вљубениците во природата и птичарите како Илија, Галапагос е туристичка дестинација од соништата. Лоциран во Пацификот на 1000 километри од јужноамериканскиот континент, овој архипелаг се состои од 19 острови кои се дом на различни видови птици, игуани, желки и други суштества кои ја инспирирале теоријата на еволуцијата на Дарвин, а сега и перото и фотоапаратот на Илија. 

Зошто некои Спартанки имале по двајца мажи?

Во древна Спарта постоела прифатена практика, голем број жени да се мажат и да имаат деца со повеќе од еден маж. Од аспект на градот-држава ова имало и социјална и репродуктивна логика. Колку таа ги правела среќни самите брачни содружници, е тоа не го знаеме. 

Зошто велиме „се потам ко свиња“?

Изразот се среќава во повеќе јазици, но од физиолошки аспект е всушност некоректен - свињите едноставно не се потат, барем не во конвенционалната смисла на зборот. Тогаш зошто не велиме „се потам како маратонски тркач“ или „ко деминер“?

Малиот Аце: папагалот кој во Европа го донел Александар Македонски

„Малиот Александар“ е папагал со впечатлива зелена боја, чии претставници во последниве децении слободно живеат по градови, а најблиску до нас се пријавени во Белград. Нивното присуство веќе се чувствува и како закана по другите, домашни видови.

Берлинале 2024: скратен буџет и добри филмови

74-тото издание на Берлиналето почнува денес, 15.2., со нешто што изгледа како одличен избор филмови, но и во сенка на она што се опишува како „крај на една ера“, со оглед на драстичното намалување на средствата за фестивалот од страна на германското Министерство за култура и медиуми. 

Која нова категорија Оскари би требало да биде воведена?

Новоста е дека Академијата ќе воведе посебна категорија за најдобар кастинг во 2026-та. Со тоа почнаа да кружат идеи за тоа кои други категории би можеле да бидат реално издржани.

Да се разбереме, ова не е идеја: најромантичниот подарок во 18 век бил срце на починатиот љубовник

Не мора да знаете дека е 14 февруари, тука се зацрвенетите излози полни плишани, чоколадни и цветни срциња за да ве потсетат на тоа. Може ќе бидете помеѓу среќните што денес ќе добие барем срце-емоџи во поракa. Ама вистинско човечко срце во урна?

Најавената февруарска апокалипса која никогаш не се случила

Има така бранови на предапокалиптични чувства кои го зафаќаат секој нормален човек кој живее во ненормална земја и времиња. Ама оваа катастрофа за која станува збор не требало да биде метафорична, туку вистинска. 16 век, Европа, најава за голема поплава.

Кој прв рекол „Перото е посилно од мечот?“

Значењето на познатата изрека некогаш можеби било дека она што може да се реши со збор, на цивилизиран начин, не мора да се решава со „примитивно“ насилство. Но таа, особено денес, може да се сфати и обратно - дека пишаниот збор на корумпираните политичари, лажните вести и токсичните фејсбук постови можат да направат и поголема штета од површна рана нанесена со студено оружје. 

450 години старо мастило и пурпурна боја направена од полжави - најскапите сликарски производи на светот

Maстилото за калиграфија се продава во цврста форма. Потребни се цели четири години за „зреење“ на една таква плочка од 200 грама, чија цена може да достигне до 2000 долари. За споредба, двојно количество евтино мастило од Индија чини 9 долари. Но понекогаш има зошто она што е скапо е такво.

„Гризелда“: вистинската приказна за „кумата на кокаинот“

Нова мини-серија во шест продолженија на Нетфликс го опишува подемот и падот на Гризелда Бланко, за која Пабло Ескобар има изјавено:„Единствениот човек од кого се плашам е жена“.

Спајк Ли и Дензел Вашингтон ќе прават римејк на Куросава

Дуото кое последен пат работеше заедно на „Инсајдер“ од 2006, ќе ја адаптира криминалистичката драма „Рај и пекол“ oд 1963 за Епл ТВ. 

Компјутер во секоја кујна во...1969-та

Едно од прашањата со кои се занимавале компјутерските инженери од крајот на 60-тите било како да се направат компјутери за различни области од животот - бизнисот, индустријата, но и за домот. Еден пример за последново се води како неуспешен. Ама можеби тоа и не било баш така.

Кога авторот на „Петар Пан“ се обидувал да се откаже од пушење

Пред да го напише своето најславно дело, Џ.М. Бари одлучил дека треба да порасне и да ги фрли цигарите. За да успее во оваа тешка задача морал да напише цела книга, под наслов „Мојата Лејди Никотин: истражување на пушењето“. 

Ник Кејв и Ворен Елис ја прават музиката за биографскиoт филм за Ејми Вајнхаус

Комбинацијата на прва звучи необично, но режисерката на новиот биографски филм за Ејми тврди дека Ник и Ворен создале длабока и трогателна музика која одлично ја доловува судбината на пејачката која почина на само 27 години. 

Кој го поседува кралското тело?

Јавниот интерес за здравјето на монарсите во себе крие анксиозност кај јавноста поврзана со нивната способност да владеат, но истовремено може да е потсвесен страв дека владеаните би можеле да останат без господар.

Дупки во карпи во Кенија се од древна друштвена игра?

Археолог смета дека малите вдлабнатини биле користени од кениските сточари за играње „Менкала“ пред 5000 години. Интересно е што на истото место се пронајдени и траги од острење ножеви, што можеби значи дека додека играле, луѓето си правеле и скара (траги од пиво немало, ама можеме да го замислиме).

Луѓето што 40 години анимираaт филм по расказ на Гогољ

Достоевски има изјавено: „Сите ние излеговме од под шинелот на Гогољ“. Расказот на овој руски автор за ситниот службеник Акакиј кој има само еден сон - да си купи ново палто. Можеби баш и не е некој интересен заплет како за анимиран филм, ама овие луѓе решиле дека ќе го прават и ќе го прават како што треба.

Што се тоа „картели за цитираност“ и како тие влијаат врз рангирањето во науката?

Оние кои никогаш не се занимавале со наука можеби имаат впечаток дека тоа е поле каде нештата се утописки чисти од измами (бидејќи нели 2 и 2 мора да се 4...), транспарентни и софистицирани. Е, ама и овие луѓе се борат да преживеат, а бидејќи се интелигентни ги бива за манипулација, особено, нели, со бројки.

Историските мистерии кои ја имаат инспирирано четвртата сезона на „Вистински детектив“

И во претходните, одлични сезони на „Вистински детектив“ на ХБО имало окултни елементи, вуду и мистерии. Ама четвртата сезона, чија премиера се случи на 14 јануари 2024, односно во досега емитуваните три епизоди, изгледа оди чекор понатаму во тину-нину-то.

Англискиот станува сè полежерен

Некои од традиционалните начини на говорење на британскиот англиски изумираат - покажува анализа на повеќе од 100 милиони зборови. Иако студијата се однесува на овој јазик, се обложуваме дека важи и за голем број други, секако и на македонскиот. 

Секој со своето лудило: дочекавме уште една нота од делото на Џон Кејџ чија изведба ќе трае уште 616 години

Денес вратите на црквата св. Бурхарди во германскиот град Халберштад се отвораат за специфично музичко искуство - изведба на само една нота од најдолгото музичко дело во историјата.