Bookbox

Мистеријата на големиот бран на Хокусаи

Сликата сигурно сте ја виделе, репродуцирана на сè, од шољи за кафе, маици, тефтери, сложувалки - слично како европската „Мона Лиза“ или „Бакнежот“ на Климт. Но што точно претставува прикажаната сцена, а не го гледаме?

Лори Андерсон веќе нема да предава на германски универзитет поради нејзината поддршка на Палестина

Музичарката, режисерка и некогашна сопруга на Лу Рид мораше да се повлече од местото предавач на универзитетот Фолкванг во Есен, откако нејзините надредени ѝ замериле за поддршката што ја дала уште во 2021 на палестински уметници и на палестинската кауза.

Најреткиот пасош на светот

Суверениот воен ред на Малта, попознат како Витезите од Малта, е католички религиозен ред, од воена, витешка и хуманитарна природа. Иако не поседува територија, меѓународното право го смета за суверен ентитет, и оттаму има и свој пасош.

15 филии и што значат

Педофилија, некрофилија, клептофилија се само некои од бизарните страсти означени со во суштина убавиот суфикс „филија“. Но освен овие попознатите, има и некои уште почудни.

Не ти треба мозок за да бидеш интелигентен

Последниве 2-3 години во релевантни научно-популарни списанија периодично се појавуваат статии во врска со амеби и слични едноклеточни организми за кои се тврди дека се способни за комплексно решавање проблеми, мислење и донесување одлуки. Звучи како добра метафора за човечки „амеби“ со посебни дарби, но лигави габи што донесуваат одлуки, да не е малку претерано?

Како пристигнало пивото во Азија?

Луѓето низ светот со милениуми си олеснуваат на душата со различни алкохоли. Но пивото најпрвин било европска работа, сè додека колонијалистите и патниците не ги однеле своите пива и своите пивски стомаци преку океаните. 

Стрв, зајаци и вештерки: бизарните објаснувања за потеклото на телесните белези

Се проценува дека околу 10% од бебињата се раѓаат со некој вид телесен белег, кој може да биде „рељефен“ или мазен, црвен или кафен, голем или мал. И денес науката нема секогаш прецизно објаснување за нивниот настанок, но затоа пак фолклорот на различни народи е полн со нив. 

Вистинската причина зошто Боб Дилан ја доби Нобеловата за литература

Во 2016, откако долго време неговото име беше споменувано во тој контекст, Дилан конечно ја доби Нобеловата за литература за тоа што создал „нови поетски изрази во рамки на големата американска песнопојна традиција“. Маргарет Атвуд имаше теорија зошто му била доделена токму нему, и токму тогаш.

Букбокс гледаше: „Најважната ноќ во поп музиката“ (2024)

Ако во 80-тите сте биле на возраст да го памтите настанот за којшто станува збор (значи, доколку сте стари), тогаш документарецов ќе ви дојде ко оние бонбони со кафе, Кавабон, што ги имаше на времето - слатки и малку горчливи. Ако сте од младите, немојте да пропуштите да видите како изгледало нешто што денес би можело да се постигне единствено со холограми и вештачка интелигенција. 

Кои биле Ленон и Мекартни на 17-тиот век?

Кога ќе ги видиме денешните топ листи, среќни сме ако препознаеме барем некои од изведувачите и насловите. Можеби на некои од вас исто така подобро ќе им оди со оние од пред повеќе векови, кои зборуваат за пирати, кралеви и киднапери.

Можете ли да прочитате 1200 зборови во минута?

Звучи како урбана легенда, но велат дека поранешниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, читал со брзина четири пати поголема од просечната. Не дека некаде ни се брза, ама понекогаш би сакале да можеме да бидеме толку ефикасни. 

Содржината генерирана од вештачка интелигенција ја зголемува вредноста на довербата

Можеби звучи контраинтуитивно - дека недовербата во машините би можела да зголеми доверба во луѓе, за кои генерално се знае дека не се баш за верување. Но кој постирал нешто наскоро ќе значи повеќе отколку што е тоа што е постирано. 

Позлатената вилица на Черчил што му помагала да надмине говорна маана

Го знаеме како премиер, писател-нобеловец, љубител на добрата капка, но и како еден од најголемите оратори на сите времиња, и покрај тоа што уште како дете „ш'шкал“. За да не му се случи тоа додека ги држел најзначајните говори во државничката кариера, тој си ставал лажна вилица. 

„Светот во пламен“ - првиот научно-фантастичен роман напишан од жена

Научната фантастика долго време е сметана за главно „машки“ жанр книжевност, а малиот број дела напишани од жени добиваат посебно внимание. Но доколку се вратиме назад до средината на 17век, тука ќе го најдеме името и делото на Маргарет Кавендиш.

Светот гори, ама види колку е слатко мачево!

Од мемиња со мачки сликани во викторијански стил, преку монтажа на Хитлер како гали елен, до големооки манга ликови, нова изложба која се отвора денес, 25.1., во Лондон ја прикажува понекогаш бизарната моќ на „слаткоста“.

Кој ја поседува оваа реченица?

Нова книга се занимава со минатото и иднината на авторските права. Дали тие им се од корист на креаторите или создаваат нееднаквост, тоа зависи кому му е поставено прашањето.

Кога стана крал, кога објави книга

Три дена откако стана крал на Данска, Фредерик Десетти неочекувано објави книга, која пак очекувано веднаш стана бестселер. Во неа дискутира политички но и поинтимни теми, како своето детство, односот со починатиот татко и тоа дека жена му, по потекло Австралијка, во расправии не му попушта на кралот. 

Како го лекувале ракот во древна Грција?

Иако првиот случај на рак бил регистриран во Египет 1600 години пред нашата ера, токму древниот лекар Хипократ, таткото на медицината, ја идентификувал и прв ја именувал болеста која до денес го мачи човештвото.

Сталоне и Вини Пу водат во номинациите за Златна малина

Повеќе од 40 години, Златната малина се доделува на филмови кои инаку би биле игнорирани и од останатите „вистински“ награди, а често пати и од публиката. Минатата година изгледа беше добра токму за ваквите холивудски филмови.

Најочекуваните нови музеи во 2024-та

Оваа година низ светот се очекува да се отворат нови интересни институции посветени на астрономија, жени-уметници и на Нинтендо. Заедничко за сите нив е дека музеите се многу повеќе од само објекти со поставки - тие се наменети за образование, забава и искуства во кои посетителите се втопуваат со сите сетила. 

Лимитаријанизам или зошто никој не смее да има повеќе од 10 милиони евра

Во својата нова книга, холандскиот политички филозоф Ингрид Робејнс нуди план за дејствување во три точки со кој би се излегло на крај со екстремната концентрација на богатство и би се намалила нееднаквоста. Нејзината генерална идеја е - кога се во прашање парите, многу арно не е на арно, за сите.

Наркотопија: автономната територија што се финансира од трговија со дрога

Со сопствена армија, покраината Ва е голема колку Холандија, но не е позната по „трева“, туку по многу посилни дроги кои ѝ овозможуваат да е де факто независна држава. Нејзиното постоење меѓу другото се должи на грешките, а во некои случаи и поддршката кои овие босови ја имаат добивано од американските власти.

Приказната за единствената жена во редовите на јапонските јакузи

Мако Нишимура e ситна жена која денес има околу 60 години, со нежно лице и долга брановидна коса. Сепак, таа не е традиционална Јапонка - тетовирана е до вратот и долж рацете, а ѝ недостасува и мал прст на ракта. Сите тие се знаци дека припаѓа на јакузите -озлогласената мафија, во која вообичаено нема жени.

Кога сто мачки го презеле Британскиот музеј

Неколку мачки во музејот уште од 19 век имале повластена работна позиција која вклучувала плата во пари, но и здравствена грижа и топол оброк. До моментот кога по Втората светска војна нивниот број толку се зголемил што работата станала сериозна.