Најчудниот наслов на 2024-та воопшто не е чуден

Малку сме разочарани од исходот на овогодинешната награда Букселер/Дијаграм, која изминатите години (а се доделува цели 46) никогаш не изневерила. Можеби уредниците по издавачките куќи се станати повнимателни кога одредуваат наслов или пак самата публика што гласала овој пат не била толку шегобијна.

„Рибата филозоф: есетрата, кавијарот и географијата на желбата“ е одбран за најнеобичен наслов на книга во 2024, со вкупно 27% од гласовите на читателите. Во најтесен избор влегле и „Родителствување во стил на госпoдар на занданите“ (How to Dungeon Master parenting), која пак беше за влакно пред „Гледајќи низ спекулумот: истражување на женското здравствено движење“. Ова е прв пат првите три наслова да се толку блиску еден до друг во 46-годишната традиција на доделувањето на наградата. И прв пат да се толку обични.

Уште при самото прогласување организаторите беа свесни дека победникот може да биде контроверзен, бидејќи книгата е излезена во 2005, а новото издание е само дополнето. Таа се занимава со рибата есетра, нејзиниот кавијар и како оваа риба се нашла на четвртото место на најзагрозените видови на Светскиот фонд за природа. 

Некои од насловите кои завршија последни се всушност најинтересните. Таков е „Попалени по кожа: секс и сексуалност во откачените вестерни“ (Hell-Bent for Leather: Sex and Sexuality in the Weird Western) со само 5% од гласовите. Ова е необично затоа што претходни години наслови со сексуални алузии во нив секогаш биле на врвот, па дури и победници. Така беше „Валканата дупка и нејзините варијации“ во 2019 и „Дизајнирање на тврди структури со високи перформанси“ од 2000-та. 

извор

10 декември 2024 - 08:29