Bookbox

Не клавајте многу емоции во работното место

Резултати од анкета на Галуп од 2023 велат дека Американците се генерално несреќни на работните места. Бројот на оние кои се чувствуваат лути и неповрзани со мисијата на нивните организации се качува. Сигурни сме дека не е така само во САД. Еден индиски истражувач на јужно-азиските религии има чаре за ова, произлезено од древна мудрост. 

Децималниот знак е 150 години постар отколку што мислевме

Историчарите долго време мислеле дека децималниот знак влегол во употреба во 1593, кога германскиот математичар Кристофер Клавиус го вклучил во текст од областа на астрономијата, Астролабиум. Но изгледа дека приказната треба да биде вратена уште век и половина порано.

Рикен Јамамото добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2024

Во 45 години долгата историја на наградата која се нарекува и „Нобел за архитектура“ ниту една земја нема произведено поголем број добитници од Јапонија. Денес, 05.03., уште еден Јапонец се закити со високото признание, со тоа станувајќи деветти на списокот. 

Тејлор Свифт и Емили Дикинсон се братучетки

Генеалошкиот сајт Ancestry.com тврди дека пејачката и поетесата се шести братучетки од трето колено (што значи просто - роднини). Обете потекнуваат од англиски имигрант од 17 век. Веста доаѓа згодно пред новиот албум на Свифт во чиј наслов се спомнуваат поети.

„Во другите улоги“ - патување на крајот на филмската шпица

Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.

Европската земја кадешто „Тексас“ е сленг за „лудo“

Скандинавија можеби нема многу заеднички нешта со Тексас, но кога Норвежаните сакаат да изразат колку е нешто диво и „варварско“ користат еуфемизам базиран на стереотип, кој можеби и не е толку лажен. 

УКИМ, Шарл Азнавур, Танец и желки: мотивите на македонските поштенски марки за 2024

Понекогаш, како за оваа статија, навистина не можеме да објасниме како сме дошле до темата, освен дека еден клик нè носел до друг, па до трет...Така стигнавме до сајтот на Македонска пошта, односно до рубриката „поштенски марки“ за кои до сега никогаш не сме се заинтересирале. А тука има што да се види.

Не биди само „фин“

Кога барате повратно мислење, грижливиот човек е топол и конструктивен. Но не ви премолчува. Тој разбира дека процесот на барање мислење значи дека имате доверба во него, доволно за да ја слушнете вистината дури и ако таа ви го срони бисерот. Финиот човек нема да сака да ви ги повреди чувствата, и исто така ќе ви даде топло мислење. Но само она доброто. Тој не ја согледува својата одговорност да ви го каже „лошиот“ дел.

„Политикин забавник“ прослави 85 години

За убавиот јубилеј, веќе антологиското списание за деца и млади во Народната библиотека на Србија во Белград организираше изложба и додели книжевна награда. Ако самите сте го читале забавникот, или пак вашите родители чуваат некои од броевите, добар момент да ги свртите неговите страници. Мислиме на оние направени од хартија. 

Лори Андерсон моделираше ВИ четбот по својот починат сопруг, Лу Рид

„Станав зависник“, изјавила Андерсон, по користењето на текст генератор кој ги имитира зборовите на нејзиниот сопруг, една деценија по неговата смрт.

Библиотека која овозможува плаќање казни со слики од мачиња

Не е баш чест случај слики од мачки да се употребуваат како валута. Но во текот на месец март, јавните библиотеки во Масачусетс ќе ги избришат евентуалните казни на корисниците ако овие го испратат токму тоа.

Кога номинираните за Оскар си конкурираат самите на себе

Звучи необично, но изненадувачки често се случува истиот човек да е номиниран два пати во истата категорија за Оскарите. Ова најчесто се случува во оние категории кои подразбираат тимска работа (звук, специјални ефекти), но има и поединци кои или одлично си ја вршат работата или пак во некои години просто имале среќа да бидат ангажирани на битни проекти.

„Зона на интерес“: филмот кој треба да се слуша

Новиот филм на Џонатан Глејзер е номиниран за Оскар во пет категории, од кои едниот го заслужува стопроцентно - оној за звук. Режисерот како да вели: начулете ги ушите, за подобро да видите.

Букбокс репортажа: Геополитичкиот „пичвајз“ на Еквадор и пепелта на Андите

На самиот почеток на претходниот текст за Галапагос, во кој доминираа птици, желки и други не-човечки суштества, Илија напиша: „Во тој момент, ни на крај памет не би ми дошло дека после една недела, на враќање накај дома, во бежанија од нарко-мафијата во Кито, не ќе ми е баш до луѓе“. Добро, биваше да ме оставиш во с'спенс за најинтересното, после „Војна и мир“ од репортажа? - му велам. Во ова продолжение тој ја исправа неправдата кон луѓето во приказната и кон читателите желни за уште долги четива. 

Необичните одлуки на жирито на овогодинешното Берлинале

Завчера, 24.02., заврши 74-тото издание на Берлинскиот филмски фестивал. Жирито беше предводенo од Лупита Нионго („12 години роб“, „Црн пантер“), и тоа според многумина донесе прилично чудни одлуки околу тоа кој ќе ги понесе престижните признанија.

Денешниот проблем со Законот на Амара

На Википедија страницата на англиски за Рој Чарлс Амара (1925-2007), американски научник и футурист, покрај двете реченици вовед во врска со неговото образование и работни места, стои само еден исказ, наречен „Амаровиот закон“. Иако и сега има логика, еден дел од него треба да се предефинира. 

Музејот-магацин за несаканите берлински споменици

Древна цитадела во Шпандау е нешто како сиропиталиште за статуи. Низ нејзините хали може да се следи редифинирањето на германската историја, со споменици од Кант до Хитлер.

Започнува судење за кражба на стиховите од албумот „Хотел Калифорнија“

Tројца мажи обвинети за конспирација поврзана со кражба на стихови на песните од албумот на Иглси од 1970-тите ќе бидат изведени пред њујоршки суд. Интересното е што тие најверојатно не се оригиналните крадци, туку само препродавачи. За главниот нема доволно докази.

Реално шоу базирано на „ќе се земат ли децата?“

Дали би го жртвувале телефонот, пасошот (добро, ако го имате) и слободата да се движите, за да се живеете во изолирано сопче цели 10 дена и да се натпреварувате, на слепо, за идниот партнер? Едно реално шоу го бара токму тоа, и повеќе, од своите учесници.

Пристигнуваат дури четири филмови за Битлси

Џон, Пол, Џорџ и Ринго ќе бидат тема на одделни играни филмови од режисерот Сем Мендес, кој планира да ја раскаже приказната за бендот од перспективата на секој од нив.

„Дојди ми, драги“ - едно од најтрогателните љубовни писма во историјата

На 7 февруари 1909, 30-годишна мајка на две деца по име Ема Хок била примена во психијатриска болница со „прерана деменција“ (dementia praecox) - некогашна психијатриска дијагноза, која подоцна била заменета со шизофренија. Од таму, таа му пишувала писма на својот сопруг. 

Вестарктика - микронацијата создадена со „иле“

Антарктичкиот договор од 1959 им забранува на народите да посегнуваат по територии на континентот. Е, ама во него никој не се сетил да ги спомене правата на физичките лица за истото. Еден човек ја нашол законската дупка и се крунисал за цар на оваа пустелија. 

Мартин Скорсезе ќе глуми на 81 година

Славниот режисер и претходно имал спорадични појави на филмското платно, но оваа улога е опишана како „интензивна“, особено за негови години.

Предавници и кртови: што е со трендот на реални шоу програми на тема „доверба“?

Во времето кога за да се играат друштвени игри не беа потребни дури ни шпил карти или табла, туку само добро расположено друштво, синоним за „парти гејм“ беше играта „Мафија“. Во неа граѓаните, полицаецот и лекарот требаше да ги детектираат мафијашите во нивните редови. По нешто сличен принцип се и неколку денес популарни реални шоу емисии, кои со мали нијанси го поставуваат прашањето - во кого, и дали воопшто може да се има доверба?