Архива

37°C - заборавениот прогресивен (и визионерски) рок бенд од поранешна Југославија

Новогодишен подарок од домашните ни ги отвори очите (всушност, ушите) за албум снимен далечната 1979. На него има прогресивен рок, амбиентални мелодии и глас на две пејачки кои тогаш биле во подем - историја на една култура, од која и ние некогаш бевме дел.

Кога Лос Анџелес изгледаше како Скопје

Калифорнискиот град имал ужасен воздух и пред да постои самиот збор смог. За време на војната, ЛА бил покриен со толкав чад што луѓето помислиле дека Јапонците имаат изведено напад врз градот. Сето тоа почнува да се менува со занокот кој штотуку наполни 40 години: законот за чист воздух кој го потпишува Ричард Никсон. 

Ако имаш зорт за карти во Милано пиши му на Деки

Тоа што е пензиониран фудбалер не значи дека е заборавен, туку напротив оставил белег и бил дел од златните денови на клубот кој нема логика да не го цени. Тука веројатно се работи плус и за авторитет.

Како Оскарите ја искористија дебатата околу расизмот за своја маркетинг кампања

Она што кај нас е газење кој прв слушнал за Хатиџе, во САД последниве години во ова време е газење колку се и колку не се застапени малцинствата во номинациите за Оскар, и колку тоа треба да се промени или не. И Оскарите за сега немаат проблем со галама се додека има галама.

Најврвниот претрес пред стадион

Има ли некој г`з да го проба ова на Градски и да ни прати видео да видиме како прошол?

Што е ИКЕА без паркинг?

Во скоро време тоа ќе биде ИКЕА Виена, која почна да се гради во поширокиот центар на градот во близина на Западната железничка станица, каде нема да може да ги распостеле своите по недоглед препознатливи паркинзи.

Голот за 33 секунди и 15 додавања кој го заобиколи светот

Во шпанската Сегунда Б, Сан Фернандо со 1-3 го победи Рекреативо на гости. Уште не почнат мечот, после една тики-така подобра и од онаа на Пеп Гвариола, Франсис Ферон го отвори резултатот.

Несфатлив гол од слободен удар на кој и стрелецот се зачуди

Малку не потсети на оној на Роналдињо против Англија на СП 2002, ама не се баш исти. Дечково апла се гледа дека само ја нафрла и потоа не само коментаторот, туку и самиот се збуни што го даде. Инаку ова чудно ефе се случи во Англија.

Знаете ли дека во Шпанија има клуб во кој составот и формацијата ги бираат навивачите?

Некои од скорешните играчи на овој клуб познат меѓу кладилничарите, велат дека вака претседателот на клубот сака да привлече повеќе спонзори и партнери со кои ќе ја популаризира Лорка. Интересна идеја, навивачите штиклираат, бираат тим и формација.

Тајсон Фјури мастурбира 7 пати и пие по 8 литра вода на ден пред мечот на деценијата

На 22 февруари во Гранд Гарден Арената во Лас Вегас ќе боксуваат Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, едни од најдобрите боксери на денешницата во тешка категорија. Овој вториов има многу зезнати припреми.

Како кинески рибари почнаа да ловат шпионски подморници

Во приморските делови од Кина властите започнаа со официјална кампања во која им даваат парични награди (сериозни) на сите рибари што ќе уловат шпионски подморници во своите мрежи или на кој било начин.

Историја на „дели бал“ или „лудиот мед“

Медот кој содржи психоактивни супстанци и денес се произведува во планините Качкар во Турција. Да не оди некој натаму деновиве?

Нова вера, нова дигитал Библија

Американците повеќе им веруваат на Амазон и на Гугл отколку на својата влада, полицијата, наставниците и науката. Кој не верува, нека провери на Гугл или нека го нарача истражувањето на Амазон.

Најстариот фудбалер на светот, Јапонецот Казујоши потпиша нов договор на 52 години

Додека сите поранешни фудбалери на 52 години веќе добро нагазиле во втора деценија од своето повлекување, Казујоши Миура уште нема намера да се откаже од фудбалот и ќе тера уште.

Голман ова треба да ти прејде во навика

Чуварот на мрежата на мексиканскиот Чивас Гвадалахара Хозе Антонио Родригез даде гол буквално од своето поле со дегажман каков што не се гледа секој викенд. На крај неговите победија 3-1.

Ај еден, ама тројца да пратиш во иста бурекџилница?

Со голот на Хуан Мата, Манчестер Јунајтед го совлада Вувлерхемптон во ФА Купот. Потегот на мечот го има Раул Хименез кој е веројатно прв играч во светот што успеал тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед да ги прати онаму кај што не е топката.

Дибала лабаво

Јувентус го мина лесно и очекувано Удинезе во осминафиналето од Купот на Италија со 4:0. Два гола се од пенал, а два се двојат. Едниот е мајсторски на Дибала кој не знае да постигне обичен гол, а другиот е на Игуаин поради цик цак акцијата со кого? Па со Дибала. Несторовски ја одигра цела.