Проблемите на Лос Анџелес се слични на оние на Скопје: растечка популација, нерегулирана индустрија, сè повеќе автомобили на улиците и несреќна географија (чинија опколена со планини).
Првите три слики се од смогот во 40-тите години:
Во тоа време не постоела свесност за загадениот воздух и за самиот термин смог (скован во 50-тите години од smoke и fog) па луѓето тоa го викале облаци или дневно затемнување.
На моменти, градот знаел сосема да исчезне.
До 1940 година, градот веќе имал милион автомобили на улиците. Кои знаеле да излетаат од нигде никаде. Во раните 50-ти години станува јасно дека нивните ауспуси се меѓу главните виновници за загадувањето.
Воздухот толку печел очи што во 50-тите медиуми пишуват дека насабајле има толку луѓе ао црвени очи што не може да се познае кој е мамурен а кој ноќта бил умен.
И ова пробало да стане шема. Проѕирни кациги за на плажа кои штитат од пепелот од околните пожари.
Во 1958 година градот формира екипи од „олеснувачи на дишењето“
И во 60-тите години ЛА е 200 дена во смог.
Но, почнуваат контролите на загадувачите:
Законот на Никсон не го прочистува воздухот веднаш. На почетокот на 70-тите ЛА изгледа вака:
Но воздухот почнува да станува нормален благодарејќи на упорното почитување на законот (кој на Калифорнија ѝ дава право да воведува поригорозни мерки отколку федералните стандарди), другите преземени мерки и бипртиската согласност дека постои проблем. Сепак, опасностите никогаш не престануваат. Актуелниот претседател Донал Трамп се закани деке ќе го отповика законот по кој државите можат да воспоствуваат свои мерки. Калифорнија и 22 други сојузни држави ја тужат администрацијата за да го спречат тоа.