Професијата фудбалски тренер некогаш не е баш најнеопходна. Барем така мислат во шпанскиот клуб Лорка, кој настапува во Терсера - четврта по ранг лига во Шпанија.
Љубителите на шпанскиот фудбал го паметат Валтер Пандијани, уругвајскиот шпиц кој се прослави во Депортиво Ла Коруња, Осасуна и Еспањол а имаше и неколку настапи за репрезентацијата на својата земја.
Епа Пандиани се обидува да почне тренерска кариера. Минатото лето седнал на клупата на Лорка, но не издржал повеќе од 6 месеци.
Во декември Валтер Пандиани го отпуштиле поради слаби резултати (минатата сезона овој клуб беше трет во својата лига, а сега е седми). Но управата решила да не брза многу со назначување наследник на познатиот Уругваец.
Наместо тоа, тие ја шокирале јавноста кога пуштиле соопштение во кое објавиле дека составот на мечот, формацијата па дури и измените ќе може да ги бираат навивачите.
Соопштението било објавено на профилите на социјалните мрежи со наслов Manager Real Football. Оваа апликација веќе е достапна и на Google Store.
Навивачите може да бираат една од четирите формации (4-3-3, 4-4-2, 5-4-1, 3-4-3) и да го одберат составот со тоа што ќе ги штиклираат понудените играчи за прв тим. Во прилог има и профилна картичка од секој играч на Лорка со висина, тежина и статистика.
Llega la app que os dará la oportunidad de poner a prueba vuestras habilidades como entrenadores de un equipo REAL, bienvenidos a MANAGER REAL FOOTBALL
— Lorca Fútbol Club (@LorcaFCSAD) January 9, 2020
Para android:https://t.co/EnDbaFxbtx
Para ios (iphone/ipad)https://t.co/3te9mn5Ue1 pic.twitter.com/eujawvqy41
„Ова е прв чекор кон демократизација на фудбалот“, изјавил претседателот на Лорка, Роберто Торес.
Минатата година тој едвај успеал да го спаси клубот од банкрот: Лорка имала голем долг од 700.000 евра во Кралската фудбалска федерација на Шпанија и била пред амбисот.
RT:
— Lorca Fútbol Club (@LorcaFCSAD) January 9, 2020
Muy difícil decidir, quién se queda en el banquillo? Quien sale? Que formación mejor se adapta a los jugadores? Yo creo que saldría con esta.... perdón a los suplentes 🙏🙏
Por cierto durante el partido podéis decidir sustituciones de jugadores, cambios de formación, etc pic.twitter.com/g0BKwod4LN
Минатото лето се мачеле да најдат играчи кои ќе бидат спремни бесплатно да играат за клубот. Идејата била неуспешна но затоа сега со оваа револуционерна иеја може да успеат. Првиот меч во кој составот го бирале навивачите, Лорка го добила дури со 5:2!
„Претседателот Торес одамна зборуваше за оваа идеја навивачите да го бираат составот за секој нареден меч. Уште на почетокот на оваа сезона тој зборуваше за тоа на собирот на екипата. Така сакал да го привлече вниманието кон клубот. Работата е во тоа што претходно газда на клубот бил Кинез кој му го предал на Торес со огроммни долгови поради кои Лорка е исфрлена во понизок ранг. Можно е дека Торес ова го планира со цел да привлече спонзори или партнери во клубот. Не е исклучено и Пандиани да е отпуштен поради тоа што не се согласувал со тоа составот и решенијата да не ги носи тој“, вели Дар Колорев доскорешен голман во Лорка.