Архива

Книжарница во која работи волк (и излегува на крај со невозможни муштерии)

Без оглед дали продаваат облека, цвеќиња или козметика, продавачите знаат дека постојат тешки муштерии, кои имаат невозможни барања или кои не знаат што сакаат. Една таква продавачка на книги почнала да црта стрип во кој се замислува како волк.

Џо Бајден е Хилари Клинтон 2.0

Ако се гледа според популарност (Бајден моментално води) и ако се гледа според неговите постапки (најави дека за неколку недели ќе каже дали ќе излегува на избори и дека може уште сега да објави кој ќе му биде заменик претседател), изгледа како Демократската партија да се подготвува да го номинира поранешниот потпретседател за противкандидат на Трамп.

Гест со многу чувство за еднаквост на Хајдук Сплит и Торцида

Хрватскиот прволигаш, како и нивните навивачи се истакнаа со потег број 1 од кој може да учат и поголеми клубови. На момчето по име Лука му подготвија такво изненадување, што кога го слушнал не можел да спие од возбуда.

Руски челичен образ 2019

Луѓево се дојдени на натпревар во мавање шамари, Василиј Камотскиј (ќе познаете кој е) е дојден на натпревар од отшрафување глави. Првенството е дел од „Siberian Power Show 2019,“ а пријавените се натпреваруваат за награда од околу 450-60 долари.

Дами и господа, Еден Азар

Селекцијата на Белгија славеше 3:1 против Русија во квалификациската група И. Двоен стрелец на мечот беше Еден Азар кој направи чудесен летечки потег за кој сите денеска зборуваат.

Навивачите на Џенова го испофалија Пандев

Џенова не заборава на Пандев и тогаш кога тој не е во Џенова и е заминат да ги исполни репрезентативните обврски. Клубот на социјалните мрежи не штети зборови за нашиот капитен кој го величат и навивачите на италијанскиот прволигаш.

Можете да си го купите фустанот за развод на Мерилин Монро

Добро, се разбира дека не можете, ама опцијата се отвара за луѓе што собираат вакви работи. Една од најочекуваните аукции годинава ќе се случи на 30-ти март и за време на настанот, ќе се продава фустанот што го носела Мерилин Монро на денот на разводот од Џо Димаџио во 1954-та.

Милион мајки, Кит Кат и машки гениталии

Христијанската група Милион мајки (кои инаку, на Твитер се 3647 мајки, но добро) го напаѓаат производителот на Кит Кат затоа што ги потсетувале потрошувачите на машки гениталии. Сега ќе видиме што тоа.

Сатира на машкоста

Вистинските мажи не се токсично машки.

Професорот кој ги претвора научните истражувања во хип-хоп

„Информациите не се само за елитата“, вели професор кој се обидува да ги информира и оние вон универзитетските ѕидини за она што се случува во нив.

Човек на човека е веган

Инстаграм селебрити веганка (звањето сигурно одлично го личи на визит карта) со над 1 милион и 300 илјади следбеници е фатена на видео како јаде риба. Реакцијата од следбеници е отприлика како девојкава на видеото да го јаде сопственото дете.

Нема верба во јавен превоз

Сигурно и вам ви се случило автобус да ве зезне баш кога многу ви треба. Ама глупо е за тоа на овој да му раскажувате.

Време е да се апдејтираме за Руанда

Да, Руанда е онаа земја во која, како да беше вчера, се случи оној незапамтен масакр на релација Хуту - Тутси во однос на кој и грозотиите на Босна изгледаат благо. 25 години подоцна, Руанда станува африкански Сингапур. Само два податока: имаат двојно помала стапка на убиства од САД и имаат помала корупција од Италија. Бонус, чисто им е. Како им е чисто? Секоја последна сабота во месецот, сите возрасни имаат обврска да собираат ѓубре.

Арапскиот коментатор офкаше на голот на Елмас

Со 19 години и 6 месеци, Елиф Елмас синоќа против Летонија стана втор најмлад стрелец во историјата на македонската репрезентација. Со првиот гол го отвори резултатот, а со последниот го затвори и ги наполните турските медиуми кои го величат во еден куп спортски портали. Мајсторијата на фудбалерот на Фенербахче има уште поголем шмек со арапски коментатор.

Во израмнет натпревар Фабрика Карпош – ГИМ и Рамстор ги поделија бодовите

Еуро Табак освои 3 бода во последниот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија, а другите две средби завршија без победник.

Славјето во соблекувална го водеше Јане

По триумфот над Летонија од 3:1, грмеше соблекувалната на македонската фудбалска репрезентација, а меѓу бандата на Мрме беше и малиот Јане кој ги диригираше скандирањата. Убава вечер со голем јубилеј на Пандев и мајсторски лоб на Елмас.

Америка да гледа и да учи

Откако 50 луѓе беа испотепани во терористички напад на лудак во две џамии, на премиерката и на пратениците на Нов Зеланд им беа доволни само 72 часа за да донесат важна одлука.

Индијанци преговараат долгорочно

Не знаеме како се викал Јакама поглавицата кој во 1885 година постигнува договор со американската влада, но индијанското име би требало да му гласи: Окото кое гледа далеку.