Албумот „Браќање на првата љубов“ ќе биде промовиран на пладне на 25 март, во продавницата на Југотон во ГТЦ.
Тихомир Поп Асановиќ & Пријателите е името на бендот со кој работеше на сите песни, а освен Поп, тука се и пејачката: Сабрина Хебири, гитаристот Јани Модер, басистот Давор Чрнигој и тапанарот Давид Морган. Како гости, на албумот се најдоа: Влатко Стефановски, Аки Рахимовски, Драги Јелиќ, Радомир Михајловиќ Точак, Ненад Чанак, Ведран Божиќ, Примож Грашич, Aмир Гвицман, Драго В., Јанез Бончина, Владо Јаневски (кој напиша и дел од текстовите), Каролина Гочева, Саша Антиќ, Тоне Туоро и Винко Михиќ. Како текстописец, хрватските текстови ги потпишува угледниот рок-критичар Златко Гал. Албумот, во продукција на Душко Мандиќ, е снимен во студиото на Кроација Рекордс во Загреб и во RSL студио во Ново Место во Словенија.