Горан Пандев е топ тема цела недела. Од големиот јубилеј од 400 настапи во Серија А, победата против Јувентус на кој му покажа како му работи левицата на 35 години, па се до одличната партија против Литванија и јубилејниот 100-ти меч за репрезентација.
„Честитки Горан, ти си неверојатен човек и играч. Знаме и гордост на твојата Македонија. Заслужуваш аплауз од целиот меѓународен фудбал“, стои на Фејсбукот и Твитерот на Џенова.
Со еден куп позитивни коментари, честитки и пофалби пишуваа и навивачите на Џенова, каде се вмеша и по некој навивач на Наполи, Интер, како и наш.
„Тој е знаме (симбол) и на Џенова. Секогаш подготвен без проблем и често решителен“.
„Со своите речиси 36 години кога ќе влезе на терен учи многу фарса играчи во Серија А како се игра фудбал“.
„Многу ми се допаѓа Горан. И како играч кој ја прави разликата и како личност. Честитки и благодарам“.
„На почеток кога дојде изгледаше дека е готов. Сега без разлика на возраста прави мајстории“.
„Денеска е без сомнежи најинтелигентниот играч на тактички план во тимот на Џенова. Овие две сезони ги покри лошите спомени од првите две“.
„Пандев во репрезентацијата на Италија“.
„Секогаш во срцата и кај нас Наполитанците“.
„Секогаш во срцата и кај нероаѕурите“.