Како што објаснува Џереми, не му е само да ги види рибите што никој ги нема видено, туку и светот да го запознае со суштествата кои живеат во вода, кои се далеку пострашни од се што живее на копно.
"Најголем дел од овие животни никогаш не се видени од тв публиката, бидејќи не можеш за нив да направиш класични документарци, бидејќи тие не се гледаат од површината. Конецот за риба е само средство. Откако ќе ги идентификувам ги враќам во вода," објаснува Џереми.
Кога ќе се земат во предвид сите ужасии со кои може да е наоружана една риба, од џиновски заби до отровни боцки, Вејд објаснува дека за него најстрашните риби се електричните јагули.
"Не изгледаат ништо страшно ама шокот од 500 волти е доволен да те парализира, а секој што ќе дојде да ти помогне ризикува да добие електричен удар. Тие понекогаш знаат и да се обвиткаат околу градите на жртвата и да продолжат да пуштаат шокови додека не го стопираат срцето," раскажува Вејд.
Што се однесува до начинот на ловење, тој објаснува дека го користи традиционалниот начин на лов во местото во кое се наоѓа.