Транс-транс-сексуалци

Ли се раѓа како Деби, меѓутоа на 44-годишна возраст решава дека тоа не е правилната улога што треба да ја има во животот па прави операција за промена на полот. Сега, речиси 2 децении подоцна, Ли не се чувствува пријатно ни како Ли.

Неговата операција опфаќа и фалопластија, во која тој добива пенис направен од кожа на неговата подлактница. Цели 17 години Ли редовно е на инекции со тестостерон, кои помагаат во комплетирање на транзицијата (пример растење брада и поголем развој на мускули).

Кога се решава на чекорот, Деби верува дека транзиционирањето ќе и помогне да „стане поприфатена во светот“. Сега, на 61-годишна возраст таа детранзиционира на полот во кој била родена.

Во друг пример што го дава Би-би-си сега 40-годишната Теин, на 26 години почнува со терапија за транзиционирање. По 2 години таа решава да престане да зема хормони и да детранзиционира. Кревањето рачна Теин го прави откако открива „радикална феминистичка заедница на родово неприлагодени луѓе“.

Денес 28-годишната Чарли Еванс, во младоста има проблем со родовиот идентитет, и на 15 години почнува да се идентификува како момче. Таа ја бричи главата, постојано ги крие градите и користи машки именки, меѓутоа никогаш не започнува тестостеронска терапија. По неколку години таа решава да се врати назад и повторно да се идентификува како жена.

Таа има воспоставено мрежа за луѓе што детранзиционираат и веќе е контактирана од околу 300 луѓе, вклучувајќи и некои што хируршки транзиционирале.

„Најголемиот дел од нас се привлечени од истиот пол. Најголемиот дел од нас се идентификуваат како лезбејки или бисексуални, и голем дел од нас се аутистични,“ изјавува Еванс за Би-би-си.

Според нејзе голем дел од овие жени во моментот кога побарале третман чувствувале дека „тие не се во состојба да дадат согласност (за медицинска транзиција) бидејќи се чувствувале многу лошо заради пореметување во исхраната или депресија.“

Во исто време групите за поддршка на трансродови млади луѓе предупредуваат дека ваквите искуства не треба да се искористат како аргумент дека здравствениот систем не е доволно ригорозен или дека тие се решиле на такво нешто заради притисоци.

„Тоа не е точно. Не можеш да натераш некого да биде транс,“ изјавува Луи Аскит од организацијата Мермејдс.

Иако нема точна бројка, статистиката што ја споменува Би-би-си е дека некаде околу 2% од сите луѓе што транзиционирале подоцна се пишманат и бараат детранзиционирање.

               

26 ноември 2019 - 11:17