Луѓето со дијабетес можат да го мониторираат нивото на шеќер во крвта со мали електроди кои се имплантираат поткожно но тоа знае да биде болно и да носи компликации од типот инфекции и слично.
Истражувачи работат на поелегантно решение: биосензитивни контактни леќи кои во реално време го мерат нивото на шеќер во крвта. Од Орегон се и веќе изработиле прототип на биосензор со леќа но допрва ќе треба да се тестира на животни и слично.
Водачот на истражувањето вели дека солзите содржат уште дузина корисни информации кои можат да бидат мониторирани преку нив: лактати (сепса, проблеми со црниот дроб), допамин (глаукома), уреа (бубрези) и протеини (канцер).
Засега фокусирани се на помагање на луѓето со дијабетс. Порачуваат дека финалниот производ ќе биде невидлив и достапен а како интрерфејс ќе се користи мобилна апликација.