Целото истражување се движи по тенка црвена линија. Ова ќе биде прв пат ДНК-та да биде толку многу изменета што ќе предизвика промени во генетскиот материјал што се пренесува на следните генерации. Меѓутоа ембрионот ќе се користи само за истражување и нема да биде инплантиран.
"Теоретски истражувањето би им дозволило на родителите во иднина да ги исчистат своите јајце клетки и спермата од непосакуваните гени - како оние за кои се знае дека предизвикуваат рак - и да спречат овие гени да бидат пренесени на внуците и пра-внуците," објаснува Епли Ксанади за Нешнл Пост.
Иако студијата уште не е објавена, на интернет и во стручните журнали веќе има дебата околу деталите и етичното на студијата. Професорот по генетика од Харвард, Џорџ Чурч, човекот е пионер во секвенцирање (одредување на редоследот) на ДНК, признава дека кинеското истражување нема да биде прифатено кога ќе излезе, ама треба да му се даде време.
Она што Кинезите го тестираат е сосема различно од генетската терапија која денес се користи во медицината и се сведува на "соматски" промени на ДНК, и за разлика од кинеските експерименти не влијаат на јајце клетките и спермата или ембрионот. На тема генетска терапија веќе има околу 2.000 студии.