5-те лекции за здравјето и вежбањето што треба да се научат од годинава

Главната порака на луѓето од Аутсајд е дека науката е бавен процес, заради што е исклучително важно да не се фокусираш и да не се палиш на инстантните и магични решенија.

1. Совладај ги основите
Не станува збор за оспорување на напредоците во науката, туку за потреба од познавање на основите на физичката активности и здравјето, како - секојдневна активност, јадење права храна, контакт со пријатели, спиење 7 до 9 часа навечер, уживање во природа, намалување алкохол и цигари.

Повеќе за ова:

- 5 најосновни правила за здравје и фитнес

- 8 едноставни совети за подолг и поздрав живот


2. Поврзаноста меѓу телото и умот е вистинска
Состојбата на вашиот ум има огромно значење на вашето тело. Мантра може да ви помогне за време на физичките предизвици, а мозокот може да одигра клучна улога при заздравување од повреда. Точно е и спротивното: состојбата на вашето тело има огромно значење врз твојот ум. Движењето во природа ја зголемува вашата среќа, а вежбањето може да помогне да излезете рутината.

Повеќе за ова:
- Како физичката активност може да те извади од рутина

- Има два вида на среќа. Излегувањето надвор ги подобрува и двата

- Како ментално да закрепнеш од повреда

- На што размислуваат ултра-маратонците додека трчаат

 

3. Неколку клучни навики што треба да се имаат на долг рок
Иако кај секој човек функционира различна рутина, постојат одредени пракси кои се распространети кај врвни спортисти од најразлични полиња. Не мора сите овие да се прифатат, ама секоја од нив врши доста работа.

- Конзистентност треба да ти биде приоритет

- Најди ментор

- Опкружи се со луѓе што ќе те туркаат напред

- Фокусирај ја твојата енергија на она што ти е најважно

- Искористи го твојот хронотип

- Сериозно сфати ја хигиената на спиење

Повеќе за ова:

- Четири работи што врвните спортисти ги прават секој ден

- Лекции за продуктивност од уметници и бизнисмени

- Со мали чекори кон големи фитнес постигнувања

 

4. Батали ги уредите што ги имаш
Без разлика дали е смартфон или таблет, во ред е да го користиш ама треба се повеќе да се трудиш тоа со намера да го правиш, а не несвесно и по навика. Ова важи и за најразличните спортски уреди, пример ГПС часовникот. Пробај остави го дома и можно е дека ќе бидеш побрз, а сигурно е дека повеќе ќе уживаш ако ги дисконектираш сите уреди додека го правиш тоа.

Повеќе за ова:
- Како со намера да го користиш телефонот

- За да трчаш побрзо слушај ја интуицијата

 

5. Бркај знаење и вештина, а не резултати

Целата активност треба да биде околу совладување и владеење на вештината што ја тренираш. Проблемот е што кога ќе почнеш да стануваш добар, многу е веројатно од бркање знаење да се префрлиш на бркање резултати. И ова станува уште поризично како што ќе почнеш да добиваш пофалби за истите. Истражувањата покажуваат дека клучен дел од одржување на менталното и физичко здравје е најголемиот дел од твојата мотивација да „доаѓа од внатре“, не да си толку фокусиран на резултатите што ги постигнуваш, колку што ќе бидеш на искуството за нивно постигнување.

Повеќе за ова:
- Зошто богатите луѓе сакаат спортови во кои се тестира издржливост?

- Како цел живот да ја одржиш пасијата за твојот спорт?

- Дали елитните спортисти се здрави?

- Клучот за добро стареење како спортисти

27 декември 2017 - 15:17