Податоците се од американски проект кој изминативе 10 години следи и евидентира како мозокот на децата се развива со тек време. Како дел од проектот се интервјуирани деца и родители околу нивниот стил на живот - меѓу другото и колку време во текот на денот минуваат на спиење, вежбање или пред екран.
Додека препораките на докторите и од САД и од Канада се дека деца над 6-годишна возраст дневно не треба да минуваат повеќе од два часа пред монитор, студијата покажала дека овој критериум го исполнуваат само 37% од децата. Според студијата објавена во Лансет овие 37% истовремено било поверојатно да имаат подобри резултати на когнитивните тестови.
„Мора да се обрне внимание колку време се минува пред екран. Оваа студија покажува дека помалку од 2 часа на ден пред екран е корисно за децата,“ објаснува авторот на студијата Џереми Волш.
Да не падне целиот товар врз смартфонот и да не се помисли дека само на тоа треба да се пази, меѓу останатите критериуми што не ги исполнуваат децата во студијата е спиење, што докторите препорачуваат да трае од 9 до 11 часа, кое е исполнето само од 50% од испитаниците, а додека само 18% ја постигнале квотата од 60 минути физичка активност на ден.
Во споредбата само меѓу деца кои не исполниле ниту еден од трите критериуми (смартфони, спиење, вежбање) повторно оние кои најмалку биле пред екран имале најдобри резултати на тестовите.