Психолозите кои го спроведуваат експериментот објаснуваат дека ваквата промена е предизвикана од "когнитивна дисонанца (конфликт)", односно "непријатноста што ја чувствуваме кога се обидуваме да имаме две контрадикторни идеи и верувања во исто време".
"Соочени со спротивставена реалност ('ова е досадно' и 'на некого му кажав дека ова е интересно'), добро платените студенти можат надворешно да го оправдаат таквото однесување ('Земав пари за да го кажам ова'). Слабо платените студенти од друга страна мораат да создадат внатрешно оправдување ('Сигурно имаше добра причина што кажав дека е интересно. Може стварно ми се допаѓаше')," објаснува Џим Дејвис во Наутилус.
Научниците имаат откриено над 50 типа пристрасност, слични на ова погоре, што се мешаат во нашето размислување без разлика колку знаеш за нив бидејќи функционираат несвесно.
"За тоа дали сме пристрасни судиме преку преиспитување на нашите мисли, а затоа што веруваме дека нашето размислување е рационално, често мислиме дека не сме пристрасни кога всушност сме. Психолозите оваа контрадикција ја нарекуваат 'слеп агол на пристрасност'. Иако сме доста брзи во воочување на пристрасноста кај други, ние имаме далеку повеќе проблеми во нејзино откривање кај нас самите.
А колку повеќе се убедуваме самите себе дека немаме одредена пристрасност, толку е поверојатно да ја покажуваме. На пример ако мислиме дека сме добри луѓе, може да престанеме да се обидуваме да бидеме подобри и може да е поверојатно да се однесуваме непристојно. Ако мислиме дека сме паметни, можеби ќе прескокнеме учење за испит и ќе дадеме погрешни одговори. " пишува Дејвис.
Најдобар пример за овој ефект е односот меѓу безбедност и ризик: колку побезбедни се чувствуваме, толку повеќе ризик сме подготвени да преземеме. Така, рецензија на студии за безбедност во сообраќајот покажала дека законите за задолжително носење појас може да доведат до поголем број жртви меѓу пешаците, моторџиите, и велосипедистите, покажувајќи дека возачите можат да бидат многу поневнимателни кога се чувствуваат заштитено.
"'Ефектот на морален кредибилитет' ја опишува ваквата компензација во рамки на моралното расудување. Кога на испитаници им е дадена можност да не се согласуваат со сексистички изјави, било поверојатно да се одлучат дека стереотипно машка работна позиција треба да ја добие маж наместо жена (споредено со луѓето кои не биле изложени на такви изјави). Слично, луѓето кои веруваат дека се морално добри било поверојатно да препишуваат на тест по математика. А луѓето кои пишуваат самопофални есеи избрале да донираат само една петтина од сумата на пари што ја донирале луѓето кои пишувале самокритички есеи.
Без разлика колку сакаме да веруваме дека тоа што позитивно размислуваме за самите себе и нашите животи ќе доведе до позитивен исход, вистината може да е спротивна: кога ставаме премногу доверба во добрината на нашата природа, не успеваме да забележиме кога сме лоши," објаснува Дејвис.