Нивниот соларен парк во Чатануга е изграден во 2013 година и е еден од најголемитенивни објекти од таков тип. Сончевиот систем од 9,5 мегавати обезбедува до 12,5 проценти од потребите за електрична енергија на централата за време на производството, со 33.600 соларни модули распоредени на 33 хектари до централата.
На соларните фарми им е потребно цврсто земјиште, што значи дека ерозијата на почвата е проблем. За да се спречи тоа, тревата многу помага, но бидејќи треба да се одржува за да не ги обрасне соларните панели, овците се таму за да пасат. Освен тоа, тие истовремено ја ѓубрат почвата и за разлика од косилките, успеваат да стигнат и до потешко достапни места.
Било размислувано и за кози ама па тие скокаат по панелите и прават беља.
„Контролираната паша е ефикасен и економичен начин за контрола на вегетацијата и минимизирање на ризикот од ерозија на големи соларни постројки“, објаснува Лоран Шаленбергер, проект-менаџер на проектот.
А за што служат магарињата? За рикање, нормално. Тие на проектот се ангажирани како „спасители“ и функцијата им е рано да предупредуваат на какви било закани кои доаѓаат од дивината.